fbpx
Таг: САД

таг: САД

СДСМ: Странците ќе понудат нов изборен закон, без дијаспората барем на овие избори

Повеќето прашања, за кои вчера се разговарало на работните групи се затворени, но како што информираат од СДСМ, проблем било гласањето на дијаспората и одлучувањето во ДИК. Можно е на овие избори гласањето на дијаспората да биде суспендирано, на барање на меѓународната заедница. Денеска не се очекува нов состанок на работните групи, освен билатерални средби меѓу партиите, а за утре...

Ајатолахот забрани понатамошни преговори меѓу Иран и САД

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Хаменеи, забрани какви било понатамошни преговори меѓу Иран и САД, речиси три месеци откако Техеран го потпиша договорот за нуклеарната програма со Западот. Ајатолахот истакнал дека низ преговорите, Американците настојувале да влијаат врз Иран и оти има наивни луѓе во Иран кои не го разбираат тоа. Политичкиот договор со светските сили, кој е постигнат во јули, се...

САД предвреме ослободуваат 6.000 затвореници

САД предвремено ослободиле околу 6.000 затвореници за да ја намалат пренатрупаноста на затворите, објавија американските медиуми. На слобода ќе бидат пуштени и тие што се осудени на подолга затворска казна поради продавање дрога. Масовното пуштање е едно од најголемите досега и ќе се врши од 30 октомври до 2 ноември, откако Американската комисија за помилување препорачала скратување на казните за идните осуди за...

Сноуден е подготвен да оди во затвор – рекле нема да го мачат

Најпознатиот американски свиркач, Едвард Сноуден, вели дека повеќепати им понудил на властите да оди во затвор во САД, но сè уште не добил одговор. Поранешниот вработен во НСА, кој објави документи за масовното тајно шпионирање на американските власти, е подготвен да се договори со властите за условите на своето предавање и враќање во САД од Русија, каде престојува веќе две...

Можни се координирани активности на Русија и на САД во Сирија

Руското министерство за одбрана денеска соопшти дека американските предлози за координирани напори во борбата против милитантите на Исламска држава во Сирија би можеле да бидат прифатени. - Министерството за одбрана одговори на барањето на Пентагон и итно ги разгледа предлозите на САД за координирани активности во борбата против Исламска држава во Сирија – соопшти портпаролот на руското министерство за одбрана,...

„Лекари без граници“: Бомбардирањето на болницата во Кундуз е воено злосторство

Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека поради изјавата за смртоносно бомбардирање на болницата во авганистанскиот град Кундуз работи под претставка дека е извршено „воено злосторство“. „Според тврдењата на авганистанската влада, талибанските сили ја користеле болницата за да пукаат на силите на коалицијата. Овие изјави укажуваат на тоа дека силите на Авганистан и на САД заеднички одлучиле да ја срамнат со...

Европски суд на правда: Трансферот на податоци од ЕУ во САД е нелегален

Системот кој им овозможува на илјадници компании да пренесуваат податоци од ЕУ во САД е нелегален, соопшти денеска Европскиот суд за правда. Судот донел пресуда во полза на еден австриски студент по право, кој тврдел дека трансатлантскиот договор за заштита на податоците не ги штити потрошувачите на соодветен начин. Случајот се темели на наводната практика на „Фејсбук“ да доставува информации до американските...

Деветмина загинати во поплави во Јужна Каролина

Девет луѓе ги загубиле животите во поплавите кои од четвртокот минатата недела, беснеат во американската сојузна држава Јужна Каролина, јавуваат светските медиуми. Десетици илјади жители од погодените региони останале без електрична енергија и без вода за пиење, соопштиле локалните власти. Според информациите, поради големите врнежи, попуштиле неколку насипи на реките и на езерата во главниот град Јужна Каролина, Колумбија, кои...

САД: Нападот е изведен на барање на Авганистан

Американските воздушни напади во кои загинаа 22 лица во болница во градот Кундуз изминатиот викенд, е изведен на барање на авганистанските сили. Ова го изјави командантот на американските коалициони сили во Авганистан, генерал Џон Кемпбел. Кемпбел рекол дека Пентагон го коригира првичното американско соопштение во кое пишуваше дека бомбардирањето е изведено поради одбрана на американските војници на кои им бил...

Картер: Русија придонесува за ескалација на граѓанската војна во Сирија

Американскиот министер за одбрана, Еш Картер, изјави дека Русија следи „изгубена стратегија“ во Сирија. Картер во Мадрид рече дека Русија придонесува за ескалација на граѓанската војна во Сирија и дека се надева оти рускиот претседател, Владимир Путин, ќе одлучи да ѝ се спротистави на Исламска држава, наместо да ги продолжи нападите врз опозицијата на Башар ал Асад. Русија на 30 септември...

САД: Уапсени ученици кои подготвувале напад на училиште

Четворица ученици во една школо во Калифорнија се уапсени под сомневање дека планирале напад врз своите соученици и професори, објави весникот „Њујорк тајмс“. Веста доаѓа неколку дена по масакрот во колеџот во Орегон. Сите четири ученици одат во исто училиште, а планирале да дојдат и да убијат што е можно повеќе луѓе, соопштил Џејмс В. Мил од локалната полиција. Мил не...

Порошенко: САД ќе ѝ испратат ново оружје на Украина

САД ветиле дека ќе ја снабдат Украина со ново оружје, потврди украинскиот претседател Петро Порошенко. - Додека бев во Њујорк, трипати се сретнав со американскиот претседател Барак Обама, пред и по состанокот со рускиот претседател Владимир Путин и по разговорите со американскиот потпретседател Џозеф Бајден. Рече дека потпишал документ за снабдување на Украина со ново оружје – рече Порошенко и...

САД: Огромни поплави во Јужна Каролина

Гувернерот на Јужна Каролина, Ники Хејли, соопшти дека оваа сојузна американска држава ги доживеала најсилните дождови во последните илјада години и оти како последица на поплавите, загинале шест лица. Училиштата во оваа сојузна американска држава денеска нема да работат, а неколку меѓудржавни автопатишта ќе бидат затворени за сообраќај. Ураганот Јоакин предизвика поројни дождови во Јужна Каролина. Не се очекува невремето да го...

„Лекари без граници“ ја напуштија бомбардираната болница во Кундуз

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ се повлече од болницата во авганистанскиот град Кундуз, по воздушните напади на американската авијација во која загинаа повеќе доктори и пациенти. Директорката на прес-службата, Кејт Стегман, рекла дека некои членови на нивната организација се префлиле да работат во други здравствени установи во истиот град, каде и понатаму се водат борби. Од „Лекари без граници“ ги обвинија...

Обама: Путин ќе се најде во сириско мочуриште

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД нема директно да се конфронтираат со Русија околу воздушната офанзива на Москва во Сирија. Обама е уверен дека рускиот претседател Владимир Путин наскоро ќе се најде во „сириско мочуриште“. Во исто време, Обама ги одобри предлозите за зајакнување на американските напори во борбата против Исламска држава. Тоа подразбира директни пратки на оружје, преку Ирак, на...

Убиен напаѓачот во колеџот во Орегон

Вооружениот напаѓач, кој синоќа во колеџ во северозападниот дел на Орегон отвори оган и усмрти девет и рани седум лица, е убиен во престрелката со полицијата, соопштија американските власти, по првите противречни извештаи за бројот на жртвите. Првичните информации говореа за 13 убиени и за 20 ранети. Нападот се случи во колеџот „Ампукуа“, во местото Роузбург, кое се наоѓа на околу 300 километри...

Во САД егзекутиран сериски убиец

Властите во сојузната американска држава Вирџинија синоќа го погубија серискиот убиец Алфредо Прието. Судот во Вирџинија во 2010 година го осуди на смртна казна 49-годишниот Прието, поради силување и убиство на 22-годишна девојка, како и за убиство на негов пријател, извршени пред повеќе од две децении. Прието, исто така, е осуден на смрт и во Калифорнија за силување и за...

Јолевски на средби во Националната гарда на Вермонт и на Универзитетот „Норвич“

Министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски, денеска ќе има средби во Националната гарда на Вермонт и на Универзитетот „Норвич“. Во рамки на посетата, Јолевски ќе оствари средба со претседателот на Универзитетот, Ричард Шнајдер, како и со заменик-претседателот за академски работи и декан, Гујоу Хуанг. Заедно со началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски, министерот Јолевски...

Северна Кореја е подготвена за дијалог со САД само ако потпишат мировен договор

Северна Кореја им предложи на САД мировни преговори за подобрување на безбедноста на Корејскиот Полуостров, но само доколку Вашингтон се согласи да потпишат мировен договор, наместо спогодбата за примирје од 1953 година. - Пјонгјанг се согласи на конструктивен дијалог со САД само под услов тие да потпишат мировен договор - изјави шефот на севернокорејската дипломатија, Ри Су Јонг. Севернокорејскиот министер, исто така, рече дека...

Лавров и Кери договорија блиска комуникација на министерствата за одбрана

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, и американскиот државен секретар, Џон Кери, договориле министерствата за одбрана на двете земји да бидат во тесна комуникација за да се избегне конфликт на небото над Сирија. Како што јавуваат московските медиуми, Лавров му рекол на Кери дека Русија ќе гаѓа само позиции на терористите од Исламска држава и оти гласините за други цели се неосновани.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...