fbpx

Продолжуваат разговорите меѓу САД и Русија за нападите во Сирија

-

Официјален Вашингтон повторно ќе иницира разговори со Москва за да се избегнат инциденти во воздушниот простор на Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон, Петер Кук, додавајќи дека преговорите ќе се одржат во текот на викендов.

Продолжувањето на разговорите доаѓа откако Москва одговори на американските барања, руските авиони да ја избегнуваат рутата на дроновите и на авионите на коалицијата предводена од САД.

САД и Русија водат одвоени воздушни напади врз позиции на терористичката организација Исламска држава, која во последниве денови напредуваа кон периферијата на градот Алепо.

Руските власти, кои ги почнаа своите напади на 30 септември, соопштија дека досега се убиени стотици џихадисти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...