fbpx
Таг: САД

таг: САД

Тројца убиени во вооружен напад во болница во САД

Двајца цивили и еден полицаец се убиени кога вооружено лице отворило оган во клиника за планирање на семејство во градот Колорадо Спрингс во Соединетите Американски Држави, јавуваат светските медиуми. Според информациите, уште девет лица биле повредени во престрелката која траела пет часа пред напаѓачот да ѝ се предаде на полицијата. Поголем број луѓе, како што јавуваат медиумите, биле заробени во зградата...

Кљусев: Не останувам во САД, се враќам во Македонија и ќе се кандидирам за премиер

Људмил Кљусев, синот на првиот премиер на независна Македонија, Никола Кљусев, останува во притвор поради, како што проценил судот во САД, опасност од бегство, пренесува „Ферфилд дејли војс“. Кљусев, кој инаку работел како психијатар во САД, беше уапсен на 12 ноември, под обвинение дека на пацинетите им препишувал големи количества лекови „адерал“ и „занакс“ (кај нас познат под името „хелекс“), за...

Полска нема да го испорача Полански на САД

Полското правосудство одлучи дека полско-францускиот режисер Роман Полански нема да биде испорачан на САД, каде е обвинет за силување малолетничка. Обвинителството во Краков соопшти дека не нашле никакво оправдание да ја обжалат претходната одлука на полскиот суд за Полански да не се испорачува. Случајот со оскаровскиот режисер, кој сега има 82 години, е позната меѓународна правна постапка, која се води речиси...

Обама и Оланд ги повикаа Турција и Русија да не ја ескалираат ситуацијата

Франција и САД ги повикаа Турција и Русија да не предизвикуваат ескалација на ситуацијата настаната откако турските сили соборија руски воен авион на границата со Сирија. Сите земји треба да работат заедно против Исламска држава, изјавија американскиот претседател, Барак Обама, и францускиот претседател, Франсоа Оланд, по средбата во Вашингтон. - Можеме само да жалиме поради уривањето на рускиот авион, но мора...

Туск: Сите да останеме смирени и со ладни глави

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, повика на смирување на ситуацијата откако Турција, која е кандидат за членство во Европската унија, урна руски борбен авион на сириската граница. „Во овој опасен момент, по уривањето на рускиот авион, сите треба да останеме со ладни глави и смирени“, напиша поранешниот премиер на Полска на својот твитер-профил. In this dangerous moment after downing of...

САД ги предупредуваат своите граѓани за опасност од терористички напади

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување за граѓаните на САД за патување низ целиот свет, поради загриженост дека терористички групи и поединци планираат нови напади по тој во Париз. Стејт департментот предупредува дека групите како ИД, Ал каеда и Боко харам продолжуваат да планираат терористички напади во повеќе региони. „Овие напади може да имаат широк спектар на тактика, со користење конвенционални и неконвенционални оружја...

Маж отвори оган во болница во Флорида

Болница во американскиот град Тампа, на Флорида, е затворена откако маж отворил оган во објактот. Телевизијата „Фокс 13“ јавува дека напаѓачот се самоубил откако застрелал еден од вработените во болницата. Повреденото медицински лице добило прострелна рана, но лекарите веднаш интервенирале. Засега не се знаат причините за нападот ниту, пак, има прецизни официјални информации за тоа дали се повредени и други лица.

САД: 16 повредени во престрелка на игралиште во Њу Орлеанс

Во престрелка на игралиште во Њу Орлеанс, синоќа се ранети 16 лица, кога две групи во меѓусебен судир отвориле оган меѓу повеќе од стотина лица, кои присуствувале на снимање музички видеозапист, соопшти денеска американската полиција. Десет лице со амбулантни возила се пренесени во болница, а шест со приватни возила. На снимките од теренот се гледаат лекари од брзата помош како...

Чикаго: Откажани 500 лета поради снежното невреме

Силно снежно невреме го погоди Чикаго и нанесе околу 40 сантиметри снег. Откажани се повеќе од 500 летови. Меѓународниот аеродром „Охара“ е принуден да откаже 350 летови, додека аеродромот „Мидвеј“ откажа околу 175. Властите предупредуваат дека патиштата се лизгави, а снегот предизвикал застој на улиците во градот.

ИД ќе ги нападне Франција и Белата куќа

Екстремистичката група Исламска држава објави нова видеопорака во која се заканува со нови напади во Франција, како и со напад на Белата куќа во Вашингтон. Во шестминутната снимка, која ја објавија милитантите во Ирак, ИД се фали со неодамнешните напади во Париз во кои се убиени 129 лица и се заканува со напад на Белата куќа. - Ќе ја кренеме во воздух,...

Де Блазио: Нема закана за безбедноста на Њујорк

Нема закани за безбедноста на Њујорк, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, по предупредувањето на Исламска држава дека најнаселениот град во САД е потенцијална мета на напади слични на тие во Париз. – Нема конкретна закана за Њујорк - изјави Де Блазио, повикувајќи ги жителите на градот да не се тревожат и да продолжат со нормалниот живот. ИД во последната видеопорака прикажа кадри...

Јолевски во САД се сретна со повеќе конгресмени

Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски, е во неколкудневна посета на САД. Тој вчера се сретна со републиканскиот конгресмен од Флорида, Џеф Милер, кој рече дека останува на Грција да ја препознае важноста на моментот во Европа. - Поради новите безбедносни промени во Европа, потребно е Македонија да биде дел од НАТО. Се надевам дека некои земји, како Грција, ќе разберат...

Јункер: ИД е непријател број еден на Европа

Исламска држава е непријателот број еден за Европа, изјави денеска во Брисел претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер. Јункер потврди дека го дели истиот став со претседателот на САД дека Исламска држава е најголемата закана за светот. - Да, ИД го сметам за непријател број еден – рече Јункер. Претседателот на Европската комисија смета дека земјите треба да ги обединат ресурсите во...

Кери: Милитантите на ИД се психотични монструми

Милитантите на Исламска држава (ИД) се психотични монструми, изјавил американскиот државен секретар, Џон Кери, кој денеска е во посета на Париз, на средба со францускиот претседател, Франсоа Оланд, јавуваат светските медиуми. Посетата на Кери на Париз, како што пренесува „Би-Би-Си“, е за да се демонстрира поддршката што Вашингтон му ја дава на својот клучен сојузик по терористичките напади. Претседателот Оланд вчера соопшти дека...

Американски воздушни напади врз Џихади Џон

Американските војници извеле воздушен напад во Сирија, а мета бил милитантот на Исламска држава, Мохамед Емвази, кој во медиумите е познат како Џихади Џон, соопшти американски претставник. Станува збор за џихадист кој во повеќе видеоснимки обезглавува западни заложници. САД сè уште ја проценуваат ефикасноста на нападите што се случија во околината на градот Рака, рече претставникот, кој побарал да биде анонимен. Сè уште...

Русија не е во трката за вооружување

Русија не се трка со никого во однос на вооружувањето, туку врши модернизација, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. - Русија нема намера никого да престигне, туку само мора да го дополни пропуштеното во 90-тите години на минатиот век, кога, поради лошата финансиска ситуација, први на удар се нашле вложувањата во армијата - рече Путин, додавајќи дека официјална Москва работи на ракетниот...

Висконсин: Воз со сурова нафта излета од шини

Десет товарни вагони со сурова нафта вчера излетаа од шини во сојузната американска држава Висконсин, во близина на градот Вотертаун. Локалните медиуми јавуваат дека од дел од вагоните истекло нафта. Полицијата и спасувачките екипи работат на местото на несреќата. Засега не се знаат причините за инцидентот, кој се случил на дел од пругата на кој неодамна бил правен ремонт. Во саботата, во...

САД го поздравија состанокот на лидерите на Кина и на Тајван

САД го поздравија историскиот состанок на претседателите на Тајван и на Кина, Ма Јинг-џеу и Кси Џинпинг, и ги повикаа двете страни и понатаму да работат на смирување на тензиите и на промовирање стабилност во регионот. - САД го поздравуваат состанокот на двајцата лидери и подобрувањето на односите помеѓу Кина и Тајван – изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Кирби, кој...

Нов метод за лекување рак со вируси „ловци“

Здравствените власти на Соединетите Американски Држави (САД) го одобриле новиот, како што велат, револуционерен метод за лекување рак, преку вбризгување на вирус на херпес со двојно дејство, кој ги напаѓа клетките зафатени од тумор, а ги поштедува здравите, поттикнувајќи го имунолошкиот систем да се бори против туморот, пренесува хрватскиот јавен сервис ХРТ. Новата терапија, како што се наведува, треба да ги...

САД изразија жалење поради притисокот врз медиумите пред изборите во Турција

Белата куќа изрази жалење поради притисоците и застрашувањата на новинарите за време на кампањата за парламентарните избори во Турција, на кои убедливо победи партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Партијата АКП на изборите го врати апсолутното мнозинство во парламентот што ги загуби на изборите во јуни. - САД му честитаат на турскиот народ за учествувањето на изборите. Сепак сме загрижени поради...

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...