fbpx

САД: 16 повредени во престрелка на игралиште во Њу Орлеанс

-

Во престрелка на игралиште во Њу Орлеанс, синоќа се ранети 16 лица, кога две групи во меѓусебен судир отвориле оган меѓу повеќе од стотина лица, кои присуствувале на снимање музички видеозапист, соопшти денеска американската полиција.

Десет лице со амбулантни возила се пренесени во болница, а шест со приватни возила. На снимките од теренот се гледаат лекари од брзата помош како пренесуваат ранети лица во амбулантни возила, а поединци како лежат на земја.

Во полициското соопштение се додава дека сè уште не се знае колку сериозни се повредите ниту, пак, што го предизвикало инцидентот.

Полицијата навела дека за снимањето на видеоспотот претходно не било побарана дозвола од властите.

Очевидците ѝ соопштиле на полицијата дека вооружените мажи побегнале веднаш по пукањето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.