fbpx

Специјалното обвинителство се пофали со новата фејсбук-страница

-

Тимот на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од 9 до 20 ноември годинава поминало низ повеќе обуки, информираат оттаму.

„Воедно, во сорабока со Министерството за правда, подготвивме предлог-закон за јавно-обвинителска служба, кој е неопходен за екипирање на обвинителството со стручен, истражен и со административен кадар. Предлог-законот е подготвен врз основа на Законот за јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, со целосно искористување на компаративните искуства за организираност на вакво обвинителство. Предлог-законот е доставен до Владата на Република Македонија, а како предлагач се јавува Министерството за правда. Очекуваме предлог-законот да биде ставен на дневен ред на првата седница на Владата на Република Македонија, по што во итна постапка ќе биде ставен на дневен ред и во Собранието на Република Македонија и ќе се пристапи кон негова целосна имплементација“, стои во соопштениети од Специјалното обвинителство.

Од ова обвинителство објаснуваат дека додека траел процесот на обуки, бил донесен оперативен план за дејствување.

„Организиравме и активности поврзани со средување на просторот каде обвинителството ќе биде сместено. Со оглед дека активностите околу средување на просторот бараат одреден временски период, а имајќи ја предвид итноста од наше предметно постапување, закупивме простор во кој привремено ќе бидеме сместени. Сепак, официјалните постории на ова јавно обвинителство остануваат во Министерството за правда и во оваа насока Ве известуваме дека седиштето на Министерството за правда (ул.Димитрие Чуповски бр.9, Скопје) е адреса за кореспонденција со ова јавно обвинителство, додека електронска пошта на обвинителството е: [email protected]. Во овој контекст, за доследното почитување на начелото на транспарентност и покажувајќи почит кон интересот на јавноста, оформена е и фејсбук-страница, каде редовно ќе бидат објавувани нашите соопштенија и ставови околу одредени актуелни прашања“, велат оттаму.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...