fbpx

САД ги предупредуваат своите граѓани за опасност од терористички напади

-

Американскиот Стејт департмент издаде предупредување за граѓаните на САД за патување низ целиот свет, поради загриженост дека терористички групи и поединци планираат нови напади по тој во Париз.

Стејт департментот предупредува дека групите како ИД, Ал каеда и Боко харам продолжуваат да планираат терористички напади во повеќе региони.

„Овие напади може да имаат широк спектар на тактика, со користење конвенционални и неконвенционални оружја и таргетирање и официјални и приватни интереси“, се вели во предупредувањето на Стејт департментот, кое е на сила до 24 февруари 2016 година.

Предупредувањето не ги повикува граѓаните на САД да избегнуваат патувања, туку само ги предупредува да покажат будност кога се на јавни места или кога користат превоз, да избегнуваат метеж и да внимаваат за време на празничните настани.

Предупредувањето е издадено по неодамнешните терористички напади во Франција, Данска, Нигерија, Турција и во Мали, како и поради урнатиот руски авион над Синајскиот Полуостров, за кои одговорноста ја презеде терористичката групација Исламска држава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Патот до слободниот пристап до информации поплочен со тужби, нетранспарентност и молк од администрацијата

Колкава плата зема одреден министер, директор, функционер? Колку пари потрошиле пратениците за патни трошоци? Колку судски пресуди се донесени за семејно насилство? Колку чинело новогодишното украсување за секој град...