fbpx

САД изразија жалење поради притисокот врз медиумите пред изборите во Турција

-

Белата куќа изрази жалење поради притисоците и застрашувањата на новинарите за време на кампањата за парламентарните избори во Турција, на кои убедливо победи партијата на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Партијата АКП на изборите го врати апсолутното мнозинство во парламентот што ги загуби на изборите во јуни.

– САД му честитаат на турскиот народ за учествувањето на изборите. Сепак сме загрижени поради фактот дека медиумите и новинарите кои се критички настроени спрема владата, беа предмет на притисоци и на заплашувања за време на кампањата – рече портпаролот на претседателот на САД, Џош Ернест.

Тој рече дека САД се задржале и на извештајот на Организацијата за европска безбедност и соработка (ОЕБС) за изборите.

Набљудувачите на ОЕБС го поздравиле големиот политички спектар кој им бил понуден на турските избирачи, но оцениле дека насилството ги спречило кандидатите да водат слободна кампања, особено на југоистокот од земјата, каде мнозинство е курдското население. ОЕБС, исто така, го осуди и мешањето во уредувачката автономија на медиумие од конзервативниот режим на Ердоган.

– Ние приватно и јавно ја изразивме нашата загриженост во врска со слободата на изразување и со слободата на собирање во Турција – додаде портпаролот Ернест.

Изборите во Турција се одржаа три недели по самоубиствениот бомбашки напад на мирниот протест во Анкара, при што беа убиени 102 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...