fbpx

Де Блазио: Нема закана за безбедноста на Њујорк

-

Нема закани за безбедноста на Њујорк, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио, по предупредувањето на Исламска држава дека најнаселениот град во САД е потенцијална мета на напади слични на тие во Париз.

– Нема конкретна закана за Њујорк – изјави Де Блазио, повикувајќи ги жителите на градот да не се тревожат и да продолжат со нормалниот живот.

ИД во последната видеопорака прикажа кадри од Тајмс сквер и од Хералд сквер, заедно со инсерти од Париз и од францускиот претседател Франсоа Оланд.

Градоначалникот на Њујорк истакна дека градот има 35.000 полицајци кои се грижат за безбедноста, како и новата команда за брз одговор, која се справува со потенцијалните терористички активности.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...