Таг: руска пропаганда

таг: руска пропаганда

АА: МНР да го повика рускиот амбасадор Баздникин по твитот „Косово е Србија, Крим е Русија“

Опозициската партија Алијанса за Албанците (АА) денеска побара од министерот за надворешни работи Бујар Османи да го повика рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин за да побара објаснување и да протестира за објавениот твит од Руската амбасада во Скопје, со кој е објавена фотографија од националистички мурал во Косовска Митровица, на кој стои „Косово е Србија, Крим е Русија“....

Руска пропаганда со кратко траење: Агенцијата на ОН не најде „валкана бомба“ во Украина

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) при Обединетите Нации потврди дека не пронашле знаци за непријавена нуклеарна активност во Украина, откако изврши увид на три локации на барање на Украина, како одговор на руските наводи дека украинската страна работи на создавање „валкана бомба“, пишува Гардијан. Официјална Москва ја обвини Украина дека планира да употреби валкана бомба - конвенционална експлозивна направа...

Дебата: Во Западен Балкан постојано има дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата

Дезинформациските наративи се различни во секоја од земјите во Западен Балкан, но она што можеше да се забележи изминативе месеци е дека насекаде се присутни дезинформации за војната во Украина и ЛГБТ популацијата, како едно од малцинствата кое е подложно на напади во сите земји. Ова беше напоменато на денешната панел-дискусија „Различностите и дезинформациите во Западен Балкан“, која се...

Наративи за најчести (про)руски дезинформации поврзани со војната во Украина

Од почетокот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година, започна интензивна пропагандна војна водена од завојуваните страни, но тука ја разгледуваме руската пропаганда наменета за светот и за сопствените граѓани, со цел да се оправдаат агресивните дејства на руската армија врз суверената држава Украина. Поточно, ги разгледуваме поглавните наративи врз кои се градат дезинформациските пораки, кои...

Рускиот совет за безбедност откри: Наместо „денацификација“, во Украина вршеле „десатанизација“

Руската Федерација повторно со променет дискурс како оправдување за воената агресија што ја врши врз Украина. Откако првичниот руски дискурс беше дека нивниот западен сосед треба да се „денацифицира“, сега рускиот Совет за безбедност ја оправдува инвазијата врз Украина со ургентната потреба да се извршела „десатанизација“ на земјата, пишува Гардијан. Лондонскиот весник ги пренесува информациите од руската државна агенција ТАСС,...

Божилов: Сите тврдења дека камионот со експлозивот минал преку Бугарија се дел од руската хибридна војна

Речиси сите бугарски медиуми ги пренесоа руските обвинувања - дека експлозивното средство со кое беше кренат во воздух Кримскиот мост, било замаскирано во полиетиленска фолија, на вкупно 22 палети, со вкупна тежина од 22 тони, и од Одеса товарот бил испратен за бугарското пристаниште на Дунав, Русе. Ова се случи откако Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија обвини...

Јањиќ: Зад литијата против Европрајдот во Белград стои руската воено-разузнавачка служба ГРУ

Српскиот политички аналитичар Душан Јањиќ денеска изјави дека со оглед на тоа што моторџиите-членови на „Ноќните волци“ го предводеа протестот во Белград против одржувањето на Европрајдот, нему му е јасно дека позади неговото организирање стои руската воено-разузнавачка служба ГРУ, јавува весникот Данас. Јањиќ во разговор за телевизијата Прва го коментираше неделниот собир „Литија за спас на Србија“, при што изјави...

Литија со „Ноќни волци“ и слики од Путин во Белград против Европрајдот во септември

Во Белград вчера се одржа собирот „Литија за спас на Србија“, со граѓани кои носеа црковни икони, фотографии од Владимир Путин и моторџии - членови на „Ноќните волци“ кои го предводеа настанот против одржувањето на Европрајдот во септември во српскиот главен град, јавува телевизијата Н1. Банатскиот владика Никанор им се обрати на учесниците на литијата, давајќи им го како пример...

Руската амбасада по урнекот на Лавров „го одбележа“ признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на РПЦ

Амбасадата на Руската Федерација во Скопје денеска се приклучи на значителниот број профили на социјалните мрежи и македонски медиуми и извести за вчера донесената одлука на Руската Православна Црква - Московска Патријаршија за признавање на автокефалноста на Македонска Православна Црква - Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА). Со двата твита, руската амбасада, иако навидум суво фактографски се занимава со ова случување битно за...

Украина нема да ги признае резултатите од псевдореферендумите за отцепување на делови од земјата

Украина и целиот свет нема да ги признаат резултатите од т.н. псевдореферендуми за повторно обединување со Руската Федерација, кои окупациските сили на југот на Украина планираат да ги одржат во регионите Херсон и Запорожје. Како што информираат од Украинската амбасада во Скопје во испратениот нон-пејпер до медиумите, организирањето нелегални референдуми е кривично дело според украинското законодавство. „Брзањето со кое тие...

Русија пробува да шири дезинформации и покрај забраните, отворени десетици нови сајтови низ светот

Откако Русија ја нападна Украина во февруари годинава, Европската Унија ги блокираше РТ и Спутник, два од водечките канали на Кремљ за ширење пропаганда и дезинформации поврзани со војната. Речиси шест месеци подоцна, бројот на сајтови кои ја промовираат истата содржина порасна, бидејќи Русија најде начини да ја избегне забраната. Тие ја ребрендираа својата работа за да ја маскираат...

Пендаровски за „Етнос“: Русија ги продуцира најсериозните хибридни закани на Балканот

Претседателот Стево Пендаровски во интервју за грчкиот весник „Етнос“ изјави дека Русија ги продуцира најсериозните хибридни закани на Балканот, вклучувајќи политичка пропаганда и кампањи на дезинформации. „Поточно, во Северна Македонија, комплексноста и интензитетот на хибридните закани се слични на оние од 2018 година во периодот на нашиот референдум за прашањето за името“, изјави претседателот Пендаровски. Тој додава дека на официјална Москва...

Бугарскиот весник „Труд“ осуден за „угнетување“ преку ширење руска пропаганда за хомосексуалците

Петју Б'лсков, сопственикот на бугарскиот весник „Труд“ и неговата фирма „Труд медиа“ добија судска пресуда за угнетување на групи од бугарското население преку распространување материјали од руските медиуми оформени како класична антизападна и прокремљовска пропаганда, јави бугарскиот новински сајт mediapool.bg. Станува збор за материјал со наслов „Педерастите в САЩ бият тревога“ преведен и објавен идентично на оригиналот во онлајн-изданието на...

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект не постои

Преку сензационален наслов на порталот „Liveportal24hr“, читателите се дезинформираат и се манипулира со нив на национална основа, имајќи ја предвид чувствителноста на темата „Етничка Албанија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: „Силна изјава се дава од Русија: Почна ерата на Албанците, Србите ги чекаат црни денови“ е насловот на веста што ја рецензираме. Оваа изјава ја даде...

Гергури: Државите од Западен Балкан не работат доволно за да го заштитат општеството од руската пропаганда

Медиумите на албански јазик не се извор на руски дезинформации, но тоа не можеме да го кажеме за српските медиуми. Земјите од Западен Балкан кои сакаат да го заштитат општеството од руските дезинформации не работат доволно. Ова, меѓу другото, во интервју за Порталб.мк, го изјави новинарот Дрен Гергури, кој е и предавач во Одделот за новинарство на Универзитетот во...

Бојан Маричиќ: Антидемократската пропаганда не може долго да опстои, граѓаните се изморени од деструктивни наративи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервју за „Вистиномер“ зборува за ефектот на дезинформациите во контекст на руската инвазија врз Украина, како и за стратегиите што Република Северна Македонија ги презема за да се бори против нив. Според него, не е само македонското општество нападнато од дезинформациите, туку станува збор за светски феномен. Најчесто...

Рускиот амбасадор со пропаганда го одбележа Денот на победата над фашизмот во Скопје

Рускиот амбасадор во земјава, Сергеј Баздникин на денешното одбележување на Денот на победата над фашизмот - 9 Мај неосновано ја изедначи борбата против нацизмот во Втората светска војна со актуелната руска воена инвазија на Украина, тврдејќи дека нацизмот се вкоренил на украинската земја. Во својот пропаганден говор пред руското спомен-обележје позади Универзалната сала, амбасадорот Баздникин рече дека Русија не е...

ДЕБАТА: Проруските наративи во медиумите служат да се создаде сомнеж за евроатлантската ориентација на земјава

„Имаме индикации дека дел од партиските структури се создадени и со руско учество, особено во периодот кога режимот на Груевски почна да се ниша, односно кога беше јасно дека не може да се одржи. Почнувајќи од 2015, по бомбите и после ситуацијата со Кумановските настани коишто коинцидираат со посета на тогашниот претседател на нашата држава на Кремљ, на настан...

Рускиот новинар Муратов ја продава Нобеловата награда за да им помогне на украинските бегалци

Новинарот и главен уредник на рускиот весник „Новаја газета“, Дмитри Муратов денеска изјави дека Нобеловата награда за мир што ја доби лани ќе ја стави на аукција за да собере фонд за помош на украинските бегалци, јавува Ројтерс. „Ги повикувам аукциските куќи кои се заинтересирани да ја огласат оваа награда, која е позната низ целиот свет, да нè контактираат“, изјави...

„Киев колинг“: Украинскиот панк бенд го преработи класикот на „Клеш“ во антивоена химна

Украински панк бенд објави антивоена преработка на хит песната на „Клеш“, „Лондон колинг“, со дозвола од англискиот бенд кој дури и го сподели на Твитер, објави Си-Ен-Ен. https://www.youtube.com/watch?time_continue=214&v=xWQUkRKqp2E&feature=emb_logo Насловот, кој го опишува украинскиот отпор на руската инвазија, се вика „Киев колинг“ и повикува на глобална поддршка за Украина. „Киев го повикува целиот свет - Излезете од неутралноста, момци и девојки“, пее...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...