Таг: руска пропаганда

таг: руска пропаганда

Во рускиот ракетен напад на Краматорск беа погодени цивили, а не „воени легитимни цели“

Рускиот ракетен напад врз Краматорск бил намерен и извршен врз цивилни објекти. Факт е дека во нападот на пицеријата во Краматорск биле убиени 12 цивилни лица, а десетици биле повредени. Тоа што американски војник бил таму за да јаде, не го прави објектот „легитимна воена цел“, како што тврди Русија. Постот ја форсира руската пропаганда дека целта на нападот биле...

Тенденциозни напади дека Зеленски ја забранил опозицијата, ја угнетува црквата, одбива да одржи избори

Постот го обвинува украинскиот претседател Володимир Зеленски за репресија врз медиумите, јазикот, црквата и дека не сака да одржи избори, но вистината е дека украинскиот Устав не дозволува за време на воена состојба да се одржуваат избори. Кога се тврди дека Зеленски „ја забранил опозицијата”, се пропушта да се каже дека таа опозиција е поврзана со Русија и дека...

Твитер се согласи да се придржува до строгите закони на ЕУ за дезинформации и руска пропаганда

Откако претставници на Европската комисија влегоа во седиштето на Твитер за да ги проверат капацитетите на компанијата дали може да функционира во Европа, социјалната мрежа со согласи да се придржува до новите строги закони на ЕУ за лажни вести, руска пропаганда и онлајн криминал. Ваквиот чекор доаѓа само неколку недели откако Илон Маск, милијардерот-сопственик на Твитер, се откажа од доброволниот...

Сообраќајни знаци на автопатот Миладиновци-Штип исчкртани со руски пропагандни симболи, одговорност нема

Десетина сообраќајни знаци и опрема на автопатот Миладиновци-Штип се исчкртани со проруски пропагандни симболи. Симболот „Z“, со кој се глорифицира руската воена инвазија врз Украина и кој се најде испишан на воените возила со кои Русија ја нападна Украина, заедно со пароли од типот „Братска Русија“, од неодамна се испишани со спреј на сообраќајни знаци на автопатот, на потегот...

„Денови на Русија“ во Скопје и Софија, бугарското МНР реагира за ширење дезинформации од руската амбасадорка

Амбасадите на Русија во Скопје и во Софија изминативе денови го одбележаа државниот празник на Руската Федерација „Денот на Русија“, со организирање на приеми во двата главни града на кои испратија скандалозни пораки во врска со руската воена агресија врз Украина. Бугарското Министерство за надворешни работи денеска беше приморано јавно да реагира и да ги осуди како „неприфатливи и недозволиви...

Историјата не се повторува, бидејќи Зеленски не е Хитлер

Не е првпат на социјалните мрежи да се шират наративи дека Украина е нацистичка и фашистичка, дека таму се глорифицира нацизмот (неонацизмот), како и дека Зеленски е нацист. Ова се прави сè со цел да се оправда руската агресија врз оваа суверена земја којашто трае повеќе од една година, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме...

Интервју со Тамила Велковска: Проруската пропаганда вешто злоупотребува „болни точки” на македонските граѓани

Иако Здружението на Украинците во Македонија постои веќе повеќе од деценија, јавноста за „Лесја Украинка“ дозна преку настаните поврзани со војната во Украина, која Русија ја започна минатата година. Откако во февруари 2022 година се оддржа протест во Скопје за поддршка на Украина, Здружението почна да организира хуманитарни акции и настани за да ја информира јавноста за воениот терор...

Социјалните мрежи и медиуми – лост за ширење на авторитарни пропаганди

Руската пропаганда користи различни форми на социјални медиуми и канали за ширење на својата пропаганда. Води војна во Украина, но води и хибридна војна со многу повеќе земји. Северна Македонија и Балканот се мета на оваа пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Социјалните мрежи се најсилното оружје на руската пропаганда. Лаги, манипулации, извртувања на вистината....

Потерницата од Хаг за Путин – главен мотор на новите руски дезинформации и закани

Март во македонскиот медиумски простор беше одбележан со еден главен и нов дезинформациски наратив од Москва, кој беше разработен кратко време по веста дека Меѓународниот кривичен суд во Хаг објави налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин и комесарката за права на децата Марија Лвова Белева. Два дена по објавената „потерница“ по Путин, од Москва стигнаа закани дека...

Интервју со украинската новинарка Зоја Красовска: Руските дезинформации го загрозуваат целиот свет

Од почетокот на руската агресија во Украина, на 24 февруари 2022 година, дневните информативни хроники на сите медиуми во нашата земја се полни со информации за состојбата на воените борби таму. За тивката и лукава војна преку пропаганда и дезинформации на Кремљ, се зборува многу малку. Украинската новинарка и аналитичарка Зоја Красовска во ексклузивно интервју за Portalb.mk раскажува за...

Врабчев: Примитивниот национализам во Бугарија доаѓа од Кремљ

Андреј Врабчев е скулптор од Софија и кандидат на партијата „Продолжуваме со промената“ за пратеник во бугарското собрание на изборите кои ќе се одржат на 2 април.  Според него, руската пропаганда има директна врска со лошите односи помеѓу Бугарија и Македонија, а основен инструмент на таа политика е еден примитивен национализам. Врабчев се залага за изградба на железничката пруга ...

Македонија ќе повика на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина

Македонија повикува на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина, е одговорот којшто денеска го даде министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето за тоа како нашата земја би постапила откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воените злосторства извршени во Украина. Министерот Османи како...

„Пипци“ на српско-рускиот свет ја „топат“ поддршката за НАТО во С.Македонија и Црна Гора

Во услови на забележителен генерален раст на поддршката за членство во НАТО меѓу граѓаните од 30-те земји кои членуваат во Северноатлантската Алијанса, со почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година во С.Македонија и Црна Гора е констатирано намалување на поддршката меѓу граѓаните за членство во НАТО. Овие загрижувачки резултати може да се увидат со споредбата на Годишните...

Извештај на Стејт департментот: Сериозни наводи за функционери вклучени во корупција

Иако законот предвидува казни за корупција на функционерите, а владата генерално го спроведуваше овој закон, сепак има сериозни наводи за функционери вклучени во корупција. Владата е најголем работодавач во земјата, а невладините организации велат дека доминантната улога на владата во економијата создава можности за корупција. Јавните анкети постојано ја наведуваат корупцијата како една од главните грижи на граѓаните. Ова...

Софиските власти сакаат да го срушат споменикот на советската армија во центарот на градот

Општинскиот совет на Софија гласаше за отстранување на споменикот на советската армија, кој е лоциран во центарот на бугарскиот главен град, јавува mediapool.bg. Високо мнозинство од 41 советник ја поддржаа одлуката за да се побара од државата да го тргне овој реликт од поранешниот комунистички режим. Самиот споменик е во државна сопственост, така што општината не може сама да...

ТОП 5 појави на штетни странски влијанија во С. Македонија во 2022 година

Пропагандната машинерија на Кремљ доминира во ширењето на дезинформациите, но на хоризонтот се појавува и кинеската пропаганда, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Русија води војна во Украина, но руската пропаганда води војна во целиот свет. Таа војна во 2022 година имаше различни цели. Примарна беше да ја соопшти „руската вистина за специјалната операција“. Неретко цел...

БРИКС – уште едно пропагандно оружје на Кремљ во војната со Украина

Со почетокот на војната во Украина, она што можеше да се забележи како дел од пропагандата, а со тоа и со пласирањето на дезинформации од страна на Москва, беше нагласеното инсистирање фокусот на меѓународната јавност да се сврти на БРИКС. Ова за Русија стана исклучително важно откако ги почувствува сите сериозни последици и ризици од економските и политичките санкции...

Не е точно дека „станавме официјални поддржувачи на нацизмот“ во ОН

Во постот што го рецензираме намерно се изоставени клучните образложенија и аргументи на државите кои во ОН гласаа против документот на Русија. Причините за таквиот став се неповрзани со генералната и изворна борба против нацизмот, неонацистичките идеологии и слично. Јасна е намерата за злоупотребата на тие имиња од страна на Русија за да се оцрни Укрaина, како и да...

Меѓународна конференција за дезинформациите околу војната во Украина: Првата одговорност на новинарите е кон вистината

Војната во Украина, руските агресорски дејствија, пропагандата и дезинформациите што се шират од руските центри на влијание во онлајн просторот и во некои медиуми, практиката на спротивставувањето на ваквите дезинформации и полувистини, преку искуствата на украински, бугарски па дури и руски новинари што ја напуштиле земјата. Меѓу нив и потресни сведоштва за ситуацијата и страдањата во Украина. За овие теми...

Има големи разлики меѓу Крим и Косово, наспроти тврдењата на Руската амбасада

Руската амбасада во С.Македонија ја доведува во корелација ситуацијата меѓу Крим и Косово, а клучниот аргумент на рускиот претседател, Владимир Путин, за оправдување на ратификaцијата на договорот за прием на Крим во Русија е фактот што Западот ја призна косовската декларација за независност од 2008 година. Но, во 2014 година, тогашниот косовски премиер Хашим Тачи изјави дека Русија треба да...

Цариниците заплениле повеќе од 5.000 фалсификувани „Епл“ маски за телефони

Мобилните царински тимови на Царинска управа во текот на изминатите денови сузбија повеќе случаи на криминални активности, меѓу кои и обид за трговија со фалсификувани маски за телефон „Ејпл“...