„Пипци“ на српско-рускиот свет ја „топат“ поддршката за НАТО во С.Македонија и Црна Гора

Случајно или не, Македонија и Црна Гора се издвојуваат меѓу земјите-членки на НАТО каде опаѓа поддршката за членство во Северноатлантската Алијанса во годината на кога се спроведуваше руската агресија врз Украина

-

Во услови на забележителен генерален раст на поддршката за членство во НАТО меѓу граѓаните од 30-те земји кои членуваат во Северноатлантската Алијанса, со почетокот на руската агресија врз Украина во 2022 година во С.Македонија и Црна Гора е констатирано намалување на поддршката меѓу граѓаните за членство во НАТО. Овие загрижувачки резултати може да се увидат со споредбата на Годишните извештаи на НАТО Алијансата за 2022 наспроти 2021 година.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг вчера го претстави Годишниот извештај на Северноатлантската Алијанса за минатата година, кој покажува дека граѓаните на земјите-членки на НАТО во огромно мнозинство даваат растечка поддршка за членство на нивната земја.

На прашањето „Доколку би гласале за или против членство на вашата земја во НАТО, како би гласале?“, дури 70 отсто од граѓаните на земјите-членки на НАТО одговориле дека на референдум би гласале нивната земја да остане членка на Северноатлантската Алијанса. Ова е значајно зголемување на поддршката за членство во НАТО во однос на 2021 година, кога 62 отсто од граѓаните одговориле потврдно на идентичното прашање.

Извор: Принтскрин од Годишниот извештај на НАТО за 2022 година

Годишниот извештај на НАТО за 2022 година покажува дека дури и граѓаните на земјите кои не се членки на НАТО, а претендираат да станат – Финска и Шведска, во огромно мнозинство гледаат позитивно на членството во Алијансата. Дури 76 отсто од граѓаните на Финска одговориле дека би гласале позитивно при евентуален референдум за членство во НАТО. Мнозинството од Швеѓаните (65 отсто) одговориле дека се за членство во НАТО.

Сепак, податоците од извршеното анкетно истражување во сите земји-членки на НАТО во периодот меѓу 7 и 29 ноември 2022 година покажуваат спротивни резултати за С.Македонија и Црна Гора кај трендовите во поддршката.

На прашањето „Доколку би гласале за или против членство на вашата земја во НАТО, како би гласале?“, мнозински 58 отсто од македонските граѓани одговориле дека ќе гласаат земјава да остане членка на НАТО, додека 22 отсто би гласале С.Македонија да истапи од членството во Алијансата. За разлика од ваквото мислење на граѓаните во 2022 година, анкетните резултати за 2021 година покажале дека 71 отсто од македонските граѓани ја дале поддршката за членство во НАТО, а 14 отсто би гласале против, се наведува во Годишниот извештај на НАТО.

Извор: Принтскрин од Годишниот извештај на НАТО за 2021 година

Ова значи дека за една година во С.Македонија има сериозно опаѓање на поддршката за членство во НАТО, паралелно со зголемување од 8 отсто на противењето за членство во Северноатлантската Алијанса. Податоци за јавното мислење според етничката припадност на населението во земјава во овој документ не се наведени, но затоа пак поддршката за членство на НАТО во Албанија останува исклучително висока – над 80 отсто, како во 2022, така и во 2021 година. Нашиот западен сосед во изминативе две години е меѓу петте земји со највисока поддршка меѓу граѓаните за членство во Северноатлантската Алијанса.

Наспроти ова, С.Македонија во 2021 година се наоѓала на 11-тата позиција според поддршката на граѓаните за членство во НАТО, додека лани сме паднале на 27-то место меѓу земјите-членки. Позади нас, во 2022 година се единствено Бугарија, Словачка и Црна Гора.

Интересен случај е состојбата во Црна Гора. Во оваа земја со огромен процент на про-српски ориентирани граѓани лани помалку од половина од црногорските граѓани биле за членство на нивната земја во НАТО, односно поддршката се намалила на 48 отсто, наспроти 32 отсто од граѓаните кои одговориле дека на евентуален референдум би гласале за напуштање на Северноатлантската Алијанса.

Па така, во Црна Гора поддршката за членство во НАТО опаднала од 50 на 48 отсто во 2022 наспроти 2021 година, додека пораснал бројот на оние кои би сакале нивната земја да излезе од Алијансата од 24 на 32 отсто, пишува црногорскиот весник Побједа.

Речиси истовремено, Гласот на Америка објави интервју со Веско Гарчевиќ, кој заедно со Кенет Морисон се автори на истражувањето „Православната црква, Црна Гора и српскиот свет“ што го објави невладината организација „Атлантска иницијатива“. Во истражувањето се наведува дека со политичките промени во август 2020 година, Српската православна црква (СПЦ) почнала да има многу големо влијание врз актуелната црногорска власт и повеќето партии во Црна Гора.

„Актуелно е влијанието на СПЦ врз бројни партии кои го имаат префиксот „српски“ или кои сакаат да се претстават како бранители на српското постоење во Црна Гора. Тие дефинитивно сметаат или се натпреваруваат за поддршката на црквата – затоа што таа поддршка е исклучително важна поради нивното влијание врз гласачите“, вели во интервјуто Веско Гарчевиќ.

Навраќајќи се назад на состојбата во С.Македонија, во најновиот Извештај за состојбата со човековите права за 2022 година на американскиот Стејт департмент се наведува загриженост за ширењето на руското злонамерно влијание во земјава преку српски медиуми.

„Искусни новинари и водечки медиуми изразија загриженост во врска со засиленото руско злонамерно влијание и дезинформации, кое првенствено доаѓа преку зголеменото присуство на српските медиуми во земјата“, се наведува во Извештајот на Стејт департментот во делот што се однесува на слободата на изразување во С.Македонија.

Професорката Мирјана Најчевска во јануари годинава објави анализа за тоа како некритичкото пренесување на српската и руската пропаганда во македонските медиуми влијае на јавноста во земјава. Таа наведува дека заради блискоста на јазикот, Србија можеме да ја идентификуваме како можен канал за ширење на руската пропаганда во С.Македонија. Многу граѓани го разбираат српскиот јазик, особено средната и постарата генерација, што овозможува директно консумирање на содржини од проруски настроените медиуми во Србија, пишува Најчевска. Таа додава дека постои и негативна пракса на препишување на текстови од српски медиуми во македонските, без никаква натамошна анализа на кажаното.

ПРЕПИШУВАЧИ: Како некритичкото пренесување на српска и руска пропаганда влијае на македонската јавност

Вистиномер.мк на крајот од 2022 година ги објави петте појави на штетни и недемократски странски влијанија во земјава во 2022 година, а меѓу нив дури три се поврзани токму со војната во Украина и јавното мислење за неа во С. Македонија, изјавите на Руската амбасада во земјава лани, како и дезинформациите на руски ориентираните српски портали.

ТОП 5 појави на штетни странски влијанија во С. Македонија во 2022 година

ПРЕСПА институтот пак во февруари годинава ја објави анализата „Координиран или подготвен пристап кон и во македонскиот дигитален пејзаж“, со која се обработени 519.354 објави од 11.721 уникатни корисници на Твитер во 2022 година. Целата анализа утврдила три заеднички точки, така што преку личностите или профилите кои објавуваат, преку секвенцирањето на темите на кои се пласираат објави и преку интензитетот со кој се пласираат објавите може да се извлече заклучок дека постои координиран или подготвен пристап кон македонскиот дигитален пејзаж, во кој сите теми се прописно секвенцирани и прилагодени за напад и разнишување на довербата во функционирањето на институциите и правилноста на политиките кои се развиваат.

„Тука особено нашите определби за членството во НАТО и зачленувањето во Европската Унија. Притоа, координацијата се огледа во делот на учесниците и нивните објави, квантитативно, но и квалитативно, додека планираниот или подготвениот пристап се огледа во фактот дека сите теми од интерес се поврзуваат, се следат и имаат сличен наратив. Ако го анализираме ефектот на интензитетот со кој се пласираат објавите, тогаш тој, за среќа, не предизвикува или не придонесува за промена на политиките кои нашата држава ги води, меѓутоа, како што веќе беше посочено погоре, целта или задачата е ефективно да се насочи јавното мислење и јавниот дискурс“, се наведува во анализата на ПРЕСПА Институтот на авторите Андреја Стојковски и Демијан Хаџи-Ангелковски.

hubmk

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината од отворањето...

Весна Дамева поднесе оставка од функцијата претседател на Судскиот совет, обвини за притисоци од власта

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева, денеска соопшти дека поднесува неотповиклива оставка од функцијата, како што рече, за да го зачува својот личен интегритет. Таа ги обвини премиерот Христијан Мицкоски и...

За справување со пожарите и поплавите итно ни треба Национален план за адаптација

Македонија, како држава која нема финансиски средства да се справи со поплавите и пожарите, мора итно да изработи Национален план за адаптација кој ќе помогне да се организираат и координираат мерки...

Линеарното покачување на пензиите бара повисоки даноци и работен век до 67 години и за мажи и за жени

Линеарното покачување на пензиите од 5.000 денари, 2.500 денари во октомври и уште 2.500 денари во март в година, на долг рок ќе ја наруши одржливоста на Фондот за пензиско и...

Претставата „Види, летам!“ в четврток во чест на 30-годишнината на Претставништвото на УНХЦР во земјава

На Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје во четврток (5 декември) со почеток во 20 часот ќе биде изведена претставата „Види, летам!“, во чест на 30-годишнината...