Таг: руска пропаганда
таг: руска пропаганда
Бугарија тензично и со измешани чувства кон Русија го одбележува националниот празник 3. Март
Во тензична атмосфера и со измешани чувства поради воената агресија на Русија врз Украина, во Бугарија денеска се одбележува националниот празник 3. Март - 144 години од крајот на Руско-турската војна и потпишувањето на Санстефанскиот договор.
Бугарското општество во моментов е силно поделено во однос на тоа какви односи нивната земја треба да гради со Русија. На врвот Шипка, каде...
Украина очекува поддршка од Северна Македонија во нејзините напори да ја спречи Русија
Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Наталија Задорожњук, говорејќи за конфликтот меѓу Украина и Русија, вчера рече дека не би било претерување да се каже дека денеска се решава судбината на меѓународниот правен поредок. Во својот говор на панел дискусијата на ЦИВИЛ на тема „Украинско - руската криза и Северна Македонија“, таа истакна дека или ќе живееме во релативно...
Русија од Скопје го честита раѓањето на Гоце Делчев, а од Софија на потписникот на Санстефанскиот договор
Амбасадите на Руската Федерација во Скопје и Софија во период од само неколку дена испратија паралелни честитки до македонските и бугарските граѓани. Во С. Македонија го честитаат раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, а во Бугарија роденденот на Николај Игнатиев, потписникот на Санстефанскиот договор за формирање на голема Бугарија, која што ги вклучува и границите на нашата земја.
Руската амбасада во...
Пендаровски: Ги зајакнавме капацитетите за борба со антизападната пропаганда
Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, вчера изјави дека по референдумот и промената на името на државата, антизападната пропаганда е зголемена. Пендаровски рече дека има пропаганда која вели „не ви треба западната алијанса НАТО и Европската Унија“, меѓутоа и дека државата ги има зајакнато своите капацитети за борба против ваквата пропаганда и дека притоа има поддршка од сојузниците од...
Порталб: Искривена изјава на руски функционер влеа страв за „голема војна“
Конфликтите на големите сили, особено заканите од војна се секогаш медиумска тема која ги погодува читателите и носи многу кликови. Од друга страна, ако таквите информации се сензационалистички, непоткрепени со аргументи, пренесени погрешно и хиперболизирани му штетат на квалитетното новинарство. Во текстот што го анализираме, јавните изјави на рускиот функционер се искривени и се користат за предупредување за неизбежна...
Порталб: Зошто Путин сака ескалација со Западот?
Поранешниот шеф на бугарската државна разузнавачка агенција Димо Ѓауров, во интервју за ТВ Нова, коментира дека една од целите на рускиот претседател Владимир Путин со ескалацијата на конфликтот со Украина е да ги принуди Европа и САД да го отворат гасоводот „Северен тек 2“ (“Nord Stream 2”). Во меѓувреме, партнерот на ЕУРАКТИВ Europe Elects, оценува дека друга причина е...
Порталб: Непотребна медиумска хиперболизација и глорификација на руска воена опрема
Ова е еден напис кој хиперболично и сензационално ја велича руската воена опрема. Насловот „Русија го претстави „Ѕверот на небото“: „Со ова ќе се справиме со Америка“ е типичен пример за непрофесионално новинарско известување, кое има за цел да предизвика заблуди во јавноста, пишува Порталб.мк.
На 6 јануари 2022 година преку сензационален наслов, страницата “N-news Media” ги информира читателите дека...
Руската амбасада во Скопје преку Фејсбук ѝ одговори на министерката за одбрана Славјанка Петровска
Руската амбасада во Скопје вчера се огласи со сопствен коментар по изјавите на министерката за одбрана Славјанка Петровска. Амбасадата се спротивставува на позициите коишто Северна Македонија ги зазема кон случувањата во и околу Украина.
Тие реагираат по интервјуата на министерката што ги даде за телевизиите Телма и ТВ 24, во коишто таа напомена дека земјава во целост ги поддржува напорите...
Задорожњук: Во Украина не се глорифицира нацизмот, земјата изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна
Украина во периодот од 1939 до 1945 година изгуби над 8 милиони луѓе во Втората светска војна и нема причина да го глорифицира нацизмот, вели украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук по вчерашниот протест што се организираше пред Украинската амбасада во Скопје под мотото „Против глорификацијата на нацизмот во Украина“.
Од Амбасадата на Украина во Скопје велат дека сакаат да...
Отстранета е таблата со името на градот Севастопољ од „руското“ детско игралиште во Скопје
Детското игралиште со руска тематика зад Универзалната сала во Скопје, во чија изградба учествуваа Општина Центар и Амбасадата на Руската Федерација во земјава, предизвика своевиден дипломатски скандал. Мета.мк откри дека меѓу поставените табли со имиња на руски градови, беше вметната и табла со името на украинскиот град Севастопољ. Станува збор за најголемиот град на полуостровот Крим на Црното море,...
Иван Георгиев: Во Бугарија речиси и нема борба против дезинформациите
Иван Георгиев е водител и репортер на една од најголемите телевизии во Бугарија, бТВ. Во последните неколку години известувал и имал емисии за некои од водечките настани во регионот, од тоа во значителен обем и во Македонија, како и во светот. Дипломирал новинарство на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ и добитник е на бројни новинарски награди – меѓу нив...