fbpx

„Албанизација на Балканот“ е еден од руските пропагандни наративи, таков проект не постои

-

Преку сензационален наслов на порталот „Liveportal24hr“, читателите се дезинформираат и се манипулира со нив на национална основа, имајќи ја предвид чувствителноста на темата „Етничка Албанија“, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

„Силна изјава се дава од Русија: Почна ерата на Албанците, Србите ги чекаат црни денови“ е насловот на веста што ја рецензираме.

Оваа изјава ја даде Ана Филиманова, членка на Руската академија на науките, таа е личноста која најчесто се појавува во медиумите за да ги турка руските агенди, имено, руската пропаганда за поттикнување поделби, конфликти и не само на Западен Балкан.

Филиманова и пред осум години изјави дека „Етничка Албанија ќе се направи по 5-6 години“

Иако поминаа осум години од неоснованата изјава на Филиманова, сè уште нема ништо конкретно што докажува проект како што е „Етничка Албанија“, односно може да се каже дека самото време го демантираше рускиот пропагандист.

За ова, „Институмедија“ во 2015 година имаше спроведено истражување за медиумското известување во регионот на Западен Балкан, во кое беше вклучена и изјавата на Филиманова, но во оваа студија се наведува дека идејата за „Етничка Албанија“ главно се шири во српските медиуми, а не во албанските.

Според оваа студија, изворот на овој наратив и тогашното интервју на Ана Филиманова бил весникот „Дневник“ кој „често објавува негативни колумни исполнети со стереотипи кон Албанците и Албанија“, пишува во студијата.

Сите овие дезинформации продолжија со истиот наратив и тоа, во декември 2017 година руските пропагандисти објавија мрачни предвидувања за „исчезнувањето на Македонија од светската карта и поделбата на Македонија меѓу Албанија и Бугарија“.

Руските пропагандисти продолжија да шират апокалиптични „предвидувања“ дека „Македонија е избрана за место каде ќе започне следната војна, односно светскиот конфликт меѓу НАТО и Русија“.

Сето ова имаше цел, да ги избрка луѓето од НАТО и ЕУ, како и да предизвика конфликти.

Во исто време со крајот на мандатот на поранешниот премиер на Северна Македонија, Никола Груевски, наближувајќи се на крајот на неговиот мандат, еден од главните извори на руски дезинформации, целосно контролиран од Кремљ, „Спутник“ објави серија написи кои ги доведуваа во прашање перспективите на Македонија.

Еден од нив беше насловен „НАТО подготвена да види крв на улиците на Македонија“ за проектот Голема Албанија. Друг тврдеше дека промените во геополитиката ја застариле прозападната постава на РСМ: „Време е Македонија да и се довери на Русија, а не на Трамп“, објави тогаш Спутник.

Maqedoni, Shkup, foto: Ardit Ramadani.
                            Скопје, Македонија  Фото: Ardit Ramadani.

Изворот на вестите што ги прегледуваме низ годините пропагира против НАТО и ЕУ

Во интервју за Srbin.info, Филиманова во 2014 година дезинформираше за целите на НАТО на Западен Балкан и пропагираше против Европската унија.

НАТО претставува закана како нацизмот во Втората светска војна. Ова не треба да се крие, го кажа и рускиот претседател Владимир Путин, изјави Филиманова во ова интервју.

Таа тогаш инсистираше Србија да не стане дел од НАТО, додека иако нагласи дека нема ништо против Србија да стане дел од Европската унија, додаде дека вратите на Евроазија се отворени.

Русија не се противи на влезот на Србија во ЕУ, но има простор за скептизицам. По правило, балканските земји прво влегуваат во НАТО, па дури потоа во ЕУ. За нас оваа опција е апсолутно неприфатлива. Затоа гледаме контрадикторност: како да се одделат европските интеграции на Србија од интеграциите во НАТО, ако за нив, за Европа и за САД, сè оди заедно? Нашиот договор за слободна трговија, во тој случај, веднаш ќе биде ликвидиран. Ова ќе ѝ нанесе удар на српската економија, а не на руската. Затоа, дозволете ми да одговорам на вашето претходно прашање: ако се исклучи европскиот пат, вратите на Евроазија се отворени за вас, вели Филиманова во ова интервју.

Инаку, некои од другите наративи што ги користат руските пропагандисти за да влијаат на Западен Балкан се следните: „Западен Балкан е нестабилен“, „Европската унија е хегемон“, „Земјите од Западен Балкан се слаби, неспособни и корумпирани“. „ЕУ/НАТО се слаби и необединети“, а НАТО е агресивна и провокативна организација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...