fbpx

Новиот ковид бран почна порано од очекуваното, експертите велат: На плажа нема да се заразите, но во дискотека, големи се шансите

-

Бројот на нови ковид случаи во изминативе денови е во пораст. Ако до пред дваесетина дена бројката изнесуваше педесетина случаи на ден, во последниве денови веќе сликата е поразлична и се евидентираат и по речиси 300 нови случаи. Процентот на заразени достигнува и до 18 отсто од тестираните на дневно ниво. Здравствени експерти за Мета неодамна прогнозираа дека бројките ќе се покачат наесен, наместо сега, во летните месеци. Сепак, ваквите прогнози се покажаа неточни.

За новата епидемиолошката слика во државата, утре ќе се состанат членовите на Комисијата за заразни болести по што ќе се знае дали и какви мерки ќе бидат преземени. Портпаролот на Комисијата вели дека за сега можат само да ги следат бројките на дневно ниво, па на утрешниот состанок ќе видат дали ќе преземат мерки.

Епидемиологот д-р Александар Стојанов вели дека секако треба да се носат маски во затворен простор, односно во молови, болници, аптеки и во јавниот градски превоз (како што е и сега) и секаде каде што има метеж.

„Вакцинацијата е добра мерка зашто ние во земјава малку население вакциниравме. Овој вирус очигледно не разликува дали е лето или не, туку разликува дали е метеж или не. На Миконос расте бројката, таму 30 отсто од населението е веќе позитивно. Неколку места има во Грција со преку 50 отсто, тие на дневно ниво пријавуваат и по 20.000 новозаразени. А допрва им почнува летото и сезоната. Ќе мора да воведуваат мерки“, вели д-р Стојанов.

Тој додава дека на плажа мали се шансите да се добие ковид, но во полн ресторан или во дискотека, шансите за зараза се големи.

„Ќе има пораст на бројките и летово и наесен. Сепак, наесен ќе бидат поголеми бројките за разлика од сега. Заразените ќе бидат со овие два нови омокрон соеви кои преовладуваат. Многумина не се тестираат зашто не им бараат потврда за направен тест на граници. Овој сој полесно се пренесува од Делта сојот, но полесни симптоми дава. Така што ќе си живееме со ковидот како што си живееме со грипот“, додава Стојанов.

Според него, здравствените власти ќе мора да воведат мерки ако почнат да се полнат болниците. Апелира дека заразените пациенти треба одлежат, како и при секоја болест, за да немаат проблем со последици кои вирусот ги предизвикува.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Излезноста до 15 часот е 35,9 отсто, 7 отсто повеќе од 2019 година

До 15 часот на првиот круг на претседателските избори гласале 392.066 гласачи  од вкупно 1.092.341, односно 35,89 отсто, соопшти Државната изборна комисија (ДИК). Излезноста е повисока во споредба со процентот...