„Киев колинг“: Украинскиот панк бенд го преработи класикот на „Клеш“ во антивоена химна

Фото: Колаж од снимки од видеото Beton - Kyiv Calling

Украински панк бенд објави антивоена преработка на хит песната на „Клеш“, „Лондон колинг“, со дозвола од англискиот бенд кој дури и го сподели на Твитер, објави Си-Ен-Ен.

Насловот, кој го опишува украинскиот отпор на руската инвазија, се вика „Киев колинг“ и повикува на глобална поддршка за Украина. „Киев го повикува целиот свет – Излезете од неутралноста, момци и девојки“, пее бендот, познат како Бетон.

„Поради тоа што Киев се крева. Живееме со отпор.“ Текстот, исто така, алудира на моќната руска пропаганда за да им прикаже на своите граѓани извртена приказна за инвазијата: „И знаете што рече Москва? Па, ништо од тоа не беше вистина“, продолжуваат стиховите.

Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари, убивајќи стотици луѓе и принудувајќи милиони други да ја напуштат земјата. Според Меѓународната организација за миграција, од неделата имало повеќе од 3 милиони бегалци, меѓу кои најмалку 1,5 милиони деца. Повеќето од нив побегнале во блиските земји, вклучувајќи ги Романија, Молдавија и Полска. Уште милиони се внатрешно раселени во Украина.

Видеото кое е објавено на каналот YouTube на Слободна Украина во саботата и има илјадници прегледи го прикажува настапит на бендот со снимки од протестите и руските напади врз земјата.

Бетон на Инстаграм објавија дека песната е направена за да собере пари за поддршка на Украина низ светот со помош на панк рок. Од Движењето за отпор на Слободна Украина беше побарано да ја преработат песната и беше доставена по барањето за само три дена. Движењето соработува со влади и невладини организации за да го заштити „територијалниот интегритет на Украина“, се наведува на веб-страницата.