fbpx

Гергури: Државите од Западен Балкан не работат доволно за да го заштитат општеството од руската пропаганда

-

Медиумите на албански јазик не се извор на руски дезинформации, но тоа не можеме да го кажеме за српските медиуми. Земјите од Западен Балкан кои сакаат да го заштитат општеството од руските дезинформации не работат доволно. Ова, меѓу другото, во интервју за Порталб.мк, го изјави новинарот Дрен Гергури, кој е и предавач во Одделот за новинарство на Универзитетот во Приштина.

Интервјуто го водеше: Суад Бајрами

Колку се руските дезинформации присутни во албанските медиуми од регионот и дали овие медиуми создаваат дезинформации или се само пренесувачи на истите од други регионални или светски медиуми?

Верувам дека и кај нас кружат дезинформации кои се поврзани со војната во Украина, кои имаат за цел да влијаат на начинот на кој граѓаните од нашиот регион го перципираат она што се случува во Украина. Не верувам дека извори на таквите дезинформации се медиумите на албански јазик бидејќи, зборувам за Косово, дезинформации главно кружат на социјалните мрежи, а ние не знаеме кој стои зад нив, односно не го знаеме авторот, но новинарите не се тие кои прават такво нешто. Верувам дека е приближно исто и во некои земји во регионот, но тоа не важи за сите бидејќи ако ја анализираме Србија тогаш ќе забележиме дека во медиумите каде што работат новинари гледаме пропаганда која е поврзана со она што се случува во Украина и која често изгледа дека е проруски настроена.

Од она што го имам видено, не сум наишол на некаква информација која е пренесена во традиционални или нови медиуми – портали, каде што информацијата е подготвена од новинари. Во случаите што сме ги забележале повеќе, биле Фејсбук страници или групи и може да се случи граѓаните да станат плен на манипулација и несвесно да ја дистрибуираат, верувајќи дека тоа веројатно е вистина. Сепак, на Косово не ја гледаме таа форма кај новинарите или мејнстрим медиумите. Во Одделот за новинарство работиме со студенти на едно истражување кое е поврзано токму со тоа како медиумите известуваа во периодот февруари–март-април за војната во Украина, затоа што сакаме да ја измериме перцепцијата во Косово во однос на она што се случи таму и начинот на кој е видена формата на медиумско известување и ефектот што може да го има врз можноста за проширување на тензиите во нашиот дел од Западен Балкан. Резултатите од истражувањето ќе ги имаме во рок од две недели.

Колку се штетни овие дезинформации и дали може да го попречат евроинтеграцискиот процесот на Западен Балкан?

Во различни прилики видовме дека дезинформациите може да имаат сериозен ефект врз општеството, а КОВИД ни го покажа тоа. На пример, во Косово, во јуни 2020 година имавме голем број граѓани кои во анкети одговорале дека КОВИД не постои и тоа најмногу се должи на дезинформациите кои кружеа во тоа време, а кои тврдеа дека ковид нема, и граѓаните се занимаваа со разни теории на заговор кои се обидуваа да објаснат за каков вирус се работи или во каква форма истиот се шири и во нашето општество.

Затоа, секогаш верувам дека таквите дезинформации можат да влијаат на начинот на кој граѓаните ги перципираат дури и евроатлантските интеграции. На пример, имаме дезинформации за интервенцијата на НАТО во Косово и фактичката состојба од крајот на 90-тите на Косово. Направен е обид за искривување на вистината, а на јавноста да и се понуди нешто друго, и кое всушност не е она што се случи со интервенцијата на НАТО и причините за интервенцијата во војната во Косово. Она на што може да влијае ова е, што кај некого се создава перцепција за НАТО со што може да ја смени перцепцијата на одреден дел од општеството за НАТО. Затоа што секоја перцепција во јавното мислење може да се создаде и може да биде под влијание на информациите што се добиваат, без разлика дали се во традиционални или социјални медиуми.

Како ја перципирате руската пропаганда и нејзиното влијание на Западен Балкан?

Тоа е една од темите за која се зборува во последно време, но е присутна години наназад, но не во јавната дискусија како што се прави сега. Ова го забележав пред 3-4 години кога бев во настан организиран  во Скопје и се разговараше за руската пропаганда и начинот на дискусијата беше сосема поинаков од начинот што го правиме денес било во Скопје, било во Приштина или во Тирана, бидејќи забележуваме дека таквата пропаганда полека може да создаде ефекти со кои може да се соочиме во ситуација со која е многу тешко да се бориме против еден наратив кој можеби со текот на годините се зајакнуваше со бавни чекори.

Затоа, сметам дека е многу важно ние како општества, било во Косово, во Северна Македонија или во Албанија и другите земји од Западен Балкан треба да разговараме за тоа и да видиме кои се наративите што произлегуваат од таквата пропаганда, а кои го напаѓаат, условно кажано, мирот што го има Западен Балкан или од време на време поттикнуваат тензии во Босна, за која знаеме дека може да има домино ефект врз целиот регион.

Дали се мерките на балканските држави доволни за да се спречи ширењето на дезинформации кои доаѓаат главно од Русија?

Верувам дека на Западен Балкан имаме земји во кои медиумите ја шират руска пропаганда и наратив, а имаме и други земји кои се обидуваат да се заштитат од таквата пропаганда. Дали работат доволно? Од тоа што постои како јавна информација, верувам дека во државите кои сакаат да го заштитат општеството од руската пропаганда не се работи доволно. Како што спомнав претходно, можеби има и такви кои, како институции кои ја водат државата, ја немаат таа цел туку едноставно се дел од ширењето на руската пропаганда.

Од оние кои се обидуваат да се одбранат, верувам дека не работеле доволно, а сега има поголема посветеност, сепак кога зборуваме за пропагандата потребни се напори и борба низ различни канали и јазици бидејќи од она што го видовме, руската пропаганда ќе испрати дезинформација на англиски јазик, на Твитер во Јужна Африка, за интервенцијата на НАТО во Косово каде што реално таквите дезинформации можат многу полесно да се прифатат од граѓаните во тие земји бидејќи немаат претходна информација за тоа што се случило и зошто НАТО интервенирал на Косово. Затоа е многу важно борбата против пропагандата да не се прави само внатрешно, туку институциите да бидат проактивни во борбата против дезинформациите каде било во светот.

Што треба да се направи за да се запрат дезинформациите, особено руските?

Видовме дека затворањето на Спутник и Russia Today не ја исполни блокадата на руската пропаганда бидејќи истата во Западен Балкан може да дојде дури и преку интернет. Верувам дека институциите ќе мора да бидат свесни за ова. Кај граѓаните, според мене, тоа е поврзано со нивото на медиумско образование во нашите општества и начинот на кој ги консумираме информациите и колку ги потврдуваме или проверуваме пред да им веруваме. Граѓаните треба да внимаваат без оглед што и да прочитаат, секогаш да бараат во повеќе извори и да не останат само со еден извор на информација бидејќи во тој случај можноста да бидат манипулирани е поголема. Граѓанските организации, верувам дека треба да придонесат во овој дел, со спроведување на истражувања во форма на какви наративи се креираат или да го измерат јавното мислење во врска со различни теми или зошто да не, и да организираат обуки кои можат да го ублажат недостатокот на образование или медиумски вештини во општеството. Од една страна може да биде формалното образование и наставата во училиштата, но и со остатокот од општеството што не е повеќе на училиште, исто така им треба, речиси исто или можеби повеќе да се разговара за такви теми и тука можат да придонесат од граѓанското општество со неформалното образование.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...