fbpx
Таг: родова еднаквост

таг: родова еднаквост

Шефот на мисијата на ОБСЕ: Земјава немала претседателка или премиерка, да го промениме ова

Во Собранието на Северна Македонија, има 51 пратеничка од вкупно 120, а во локалната власт вклученоста на жените е 36 отсто. Во Германија, имаме помало учество на жените во политиката. Ова се подобри бројки, поради родовата квота воведена во Изборниот законик. Сепак, тажната реалност е дека само неколку жени стигнуваат до врвот, бидејќи се обесхрабрени да ја продолжат својата...

УНДП подготвува активности за поддршка на жените во политиката

Постојаниот претставник на УНДП Армен Грегоријан, денеска на средба ја информираше вицепремиерката Славица Грковска за плановите на УНДП во наредниот период кои се однесуваат на поддршка на жените во политиката, како и за влијанието на климатските промени од родова перспектива. Тие меѓудругото разговарале и за унапредување на меѓусебната соработка. „Вицепремиерката Грковска се заблагодари на поддршката што УНДП ја дава, особено...

Поднесено обвинение против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против Драган Павловиќ – Латас и Стефан Лазаров поради ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем. Јавното обвинителство, не наведувајќи ги нивните имиња, информираше дека двајцата обвинети преку компјутерски систем ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност...

Кажете ни каде сме безбедни, прашаа активистките на протестот пред МВР

„Кажете ни каде сме безбедни, сегде има полицајци!“, „престанете да не малтретирате!“, „дали си го барам?“, „сигурност на секое место“, беа дел од пораките кои ги упатија активистките за заштита на правата на жените кои денеска се собраа на протест пред Министерството за внатрешни работи (МВР). Тие го организираа протестот на кој побараа одговорност од надлежните институции, бидејќи, како што...

Велешанец осомничен дека шест години ја наведувал на проституција неговата сопруга

Притворен е 45-годишен велешанец кој се сомничи дека својата сопруга шест години ја тепал, дрогирал и ја наведувал на проституција, соопшти Основното јавно обвинителство Кавадарци. Против него е поведена постапка по основано сомнение дека сторил кривично дело – Посредување во вршење проституција според член 191 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. „Во временскиот период од 2016 до...

Проф. Ќуштеревска: Никој не може да го оспори мојот успех само затоа што сум жена

Според некои од последните податоци на Обединетите нации, само една третина, односно 33,3 отсто од научниците во светот и само 12 проценти од членовите во националните научни академии, се жени. Но, според податоци на УНЕСКО од 2019 година, Македонија е лидер во Европа според уделот на жените-истражувачи во вкупниот број истражувачи во земјата, со 52,3 отсто од сите истражувачи...

Жените-земјоделки што ќе родат до 1 декември годинава, ќе добиваат платено породилно, одлучи Владата

Жените-земјоделки ќе користат надоместок за мајчинство во времето кога ќе бидат спречени да ја вршат земјоделската дејност поради раѓање, одлучи Владата на последната седница. Ова, како што е наведено во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е историска одлука со која е усвоена предлог-програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Ова...

ААВМУ ја претстави новата специјализирана веб страница за родот и медиумите

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја промовираше новата специјализирана веб-страница „Родот и медиумите“. На прес-конференцијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски. „Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста како и креирањето на мислењето...

Муртезани: Жените да излезат од комфорната зона ако ја сакаат науката и технологијата, ИТ има многу што да понуди

Северна Македонија напредува во својата дигитална трансформација, но не е на исто ниво со многу земји од ЕУ. Важно е организациите и владата да ги едуцираат граѓаните и да им ги обезбедат потребните алатки и ресурси за да им помогнат да ги разберат и усвојат дигиталните технологии. Жените да излезат од нивната комфорна зона и ако ја сакаат науката...

Платформа за родова еднаквост: Бараме системска поддршка за сите жени и девојки кои преживеале насилство

„Дечкото ја претепал и пукал во неа“, „19 годишна кичевчанка пријавила скопски таксист дека ја допирал по телото додека ја превезувал“, „14 годишно девојче на Инстаграм запознала момче, ја снимил, па ја принудувал на секс со пијани и дрогирани мажи“... Oва се само дел од насловите во медиумите, поврзани со различни форми на родово базирано насилство, а за жртвите...

Активистите предупредуваат: Во земјава не постои организиран скрининг за рак на грлото на матката

Месецот јануари е посветен за борба против ракот на грлото на матката, а од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените - ЕСЕ се жалат дека Владата го намалила буџетот за Програмата за рана детекција на малигни заболувања за 2023 година за 2 милиони денари во однос на 2022 година. „На крајот од месец јануари Програмата за рана детекција...

Само еден од пет филмови во Европа е режиран од жена, во Македонија уште помалку

Родова нееднаквост во европскиот филм во 2021 година – жените режисерки добиваат помалку јавни средства, работат со пониски буџети, а нивните филмови имаат пократка дистрибуција, и покрај тоа што нивните филмови често се уметнички поуспешни и финансиски поефикасно се произведуваат. Ова се дел од заклучоците на истражувањето на Лабораторијата „Жени на кино“ од Франција во соработка со Европската филмска...

И во 2022 жените беа во сенка на мажите во земјава

Иако сите функционери во Северна Македонија се изјаснуваат дека се за родова еднаквост, според делата и 2022 година беше „машка“ во однос на жените на кои не им беше доделено заслуженото место, особено на високи раководни позиции. Порталб.мк ви носи преглед на проблемите и предизвиците на ова поле кои ја одбележаа годината што ја оставаме зад нас. Родова еднаквост со...

Средношколците разочарани оти не ги добија ветените производи за менструална хигиена

Сојузот на средношколци со жалење констатира дека средношколките во Скопје оваа година не ги добија ветените бесплатни производи за менструална хигиена. Иако оваа мерка беше широко поддржана од целокупната јавност, таа не се спроведе во текот на 2022 година, наведено е во реакцијата од Сојузот. „Многупати се случувало средношколките сами да се организираат за да донесат производи за менструална хигиена...

Елизабета Ѓоргиевска: Една од 7 жени е жртва на физичко или сексуално насилство

Секоја трета жена преживеала некој форма на родово базирано и/или семејно насилство. Секоја година има 1.500 ново евидентирани жртви на насилство, но оваа бројка е приближно само 2 отсто од реалните случаи на насилство. Половина од жените во Северна Македонија биле жртви на насилство од интимен партнер. Секоја втора жена е жртва на психолошко насилство, а една од 7...

Утре во Europe House проекција на документарниот филм AS I WANT на Самахер Алкади

Утре во 19 часот во Europe House Skopje ќе се прикажува документарниот филм AS I WANT на палестинската режисерка Самахер Алкади. AS I WANT е документарен филм за низата сексуални напади кои се случуваат во Каирп, на плоштадот Тахрир на 25 јануари 2013 година, на денот на втората годишнина од револуцијата. Како одговор на овие сексуални напади, огромна толпа гневни...

Полошкиот регион конечно го доби Центарот за жени-жртви на семејно насилство

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека официјално е воспоставен Центарот за жени-жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени-жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. „Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните активности за подигање на свеста...

Потребно е системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки

На денешната промоција на публикацијата “Индивидуалните земјоделци и нивните права – Имаат ли право на платено породилно отсуство“, преставничките на ЛАГ Агро Лидер, Фондацијата Отворено општество – Македонија и Мрежата за заштита од дискриминација побараа системско решение за платено породилно отсуство за жените-земјоделки. Тие барањето го упатија до Собранието на РСМ, Министерството за здравство, Министретвото за труд и социјална политика и...

Индонезија забрани вонбрачни сексуални односи, законот важи и за странците

Парламентот на Индонезија денес го одобри новиот кривичен законик со кој се забранува секој во земјата да има секс надвор од бракот и ги ограничува политичките слободи. Новите закони нема да стапат на сила уште три години, а се очекува да има судски оспорувања, пренесе Би-Би-Си. Законот ќе стапи на сила во 2025 година. А, заменик на министерот за правосудство...

Потребно е зголемување на признанијата за женските спортови и за успесите на жените во спортот

Во Северна Македонија, поради недостигот на податоци и недостигот на важни истражувања на темата родова еднаквост во спортот, тешко е да се креираат политики засновани на докази. Постојните истражувања и податоци укажуваат дека жените и девојчињата помалку се занимаваат со физичка активност од мажите и момчињата. Нема податоци што покажуваат колку жените од маргинализираните заедници се занимаваат со спорт,...

Димитров: Грција и Северна Македонија постигнаа договор во Преспа, не се враќајте назад

При полагањето на заклетвата, претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја испушти придавката „Северна“ и рече само „Македонија“, и покрај тоа што истиот ден потпиша официјална заклетва под уставното име на...