fbpx

ААВМУ ја претстави новата специјализирана веб страница за родот и медиумите

-

Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги (ААВМУ) денеска ја промовираше новата специјализирана веб-страница „Родот и медиумите“. На прес-конференцијата се обратија министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски.

„Моќта на медиумите и нивната способност за професионално известување на јавноста, подигање на свеста како и креирањето на мислењето на целокупната јавност е огромно. Затоа од особена важност е споделување на точни информации од нивна страна, а наша задача како институции е да ги обезбедиме истите“, истакна министерката Тренчевска во своето обраќање.

Таа посочи и на заложбите на Министерството за труд и социјална политика во однос на унапредувањето на родовата еднаквост во државата.

„По ратификувањето на Истанбулската конвенција, се усвои Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, а со тоа се придонесе за значително подобрување на институционалната и сеопфатна помош и поддршка на жртвите на родово базирано насилство. Целта е превенција и ефективна заштита на жртвите од каков било облик на родово базирано насилство со почитување на основните човекови слободи и права“, изјави министерката Тренчевска.

Директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски ја презентираше новата специјализирана веб страница за родот и медиумите. Страницата ќе биде ресурсен центар за медиумите, место каде што можат да најдат ресурси, информации, линкови за различни аспекти на родовите прашања, вклучувајќи го и родовозаснованото насилство, но и место на кое граѓаните можат да најдат корисни линкови и информации – вклучувајќи ги и институциите и организациите, од кои можат да побараат помош во случај да се подложени на родово-засновано насилство.

Трајчевски посочи дека страницата се администрира од страна на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и истата е достапна на македонски, албански и англиски јазик, а е прилагодена и за лица со оштетување на видот.

На веб страницата сите институции и граѓански организации можат да ги споделуваат материјалите и активностите кои ги работат на полето на родовите прашања, со што ќе придонесат да биде квалитетен ресурсен центар за сите новинари, истражувачи кои работат на оваа проблематика, како и за општата јавност.

МОН: Запишувањето вонредни ученици во медицинските училишта се става во мирување

Сите јавни средни училишта во државата кои имаат добиено верификација за изведување на настава од здравствена струка се известени дека запишувањето на вонредни ученици се става во мирување, почнувајќи...
Premium WordPress Themes Download
Download Nulled WordPress Themes
Download Premium WordPress Themes Free
Download Premium WordPress Themes Free
free download udemy paid course
download huawei firmware
Download Best WordPress Themes Free Download
download udemy paid course for free