fbpx

Шефот на мисијата на ОБСЕ: Земјава немала претседателка или премиерка, да го промениме ова

Оваа порака денеска ја испрати амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во своето обраќање на конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува” во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен

-

Во Собранието на Северна Македонија, има 51 пратеничка од вкупно 120, а во локалната власт вклученоста на жените е 36 отсто. Во Германија, имаме помало учество на жените во политиката. Ова се подобри бројки, поради родовата квота воведена во Изборниот законик. Сепак, тажната реалност е дека само неколку жени стигнуваат до врвот, бидејќи се обесхрабрени да ја продолжат својата кариера во политиката, рече амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје во своето обраќање на конференцијата „Жени во политика-Говор на омраза, сенка која обесхрабрува” во организација на Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка на УН Вомен.

Тој посочи дека учеството на жените во политиката и воопшто во општествениот живот придонесува за подобар квалитет на животот и поуспешно општество.

„Оваа земја никогаш немала претседателка или премиерка. Ајде да го промениме ова!” рече амбасадорот Вал, додавајќи дека штом ќе почнеме да гледаме вистинска родова еднаквост на политичката сцена во оваа земја, таа наскоро ќе се прошири во сите други сектори, во сите ниши од нашите животи.

Росана Дуџак, постојан координатор на ОН во Северна Македонија истакна дека кога жените и девојките се активни членови на инклузивно општество, тогаш придобивки има целото општество.

„Кога никој не е оставен зад себе, целото општество напредува. Тоа е толку едноставно. Клучен чекор во постигнувањето е да се осигураме дека жените секогаш се дел од процесите на донесување одлуки и дека секогаш се чувствуваат безбедно и заштитено”, рече Дуџак.

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска посочи дека коментарите кои ги исмејуваат, навредуваат, омаловажуваат и деградираат жените, најчесто политичарките, прикажувајќи ги како сексуален објект, не го повредува само достоинството и психичкиот мир на жените, туку и всадува страв, поттикнува нетрпеливост и ги демотивира младите жени да се вклучат во политиката.

Таа посочи дека најексплицитен одговор на ваквите закани е ратификацијата на Истанбулската Конвенција.

Тренчевска упати порака и лично искуство до сите жени од општествениот живот: „Секоја жена, вклучувајќи се и себеси може да биде жртва на говор на омраза, но тоа не смее да нè поколеба во нашата животна определба преку политиката да градиме поквалитетен живот за сите граѓани. Исто така ќе споделам со вас мој личен заклучок дека секогаш кога поддржувам прогресивна идеа, реформски политики толку повеќе говорот на омраза е посуров и атакот врз мене бил посилен. Тоа мене не ме обесхрабрило туку напротив ми било потврда дека сум на вистинскиот пат. Но, некои жени говорот на омраза ги демотивира, а за некои е ветер во грб,” рече министерката.

Таа потсети дека Министерството за труд и социјална политика како надлежно министерство континуирано работи на креирање на политики, стратегии и закони кои директно се насочени кон унапредувањето на родовата еднаквост. Во овој контекст, Стратегијата за родова еднаквост 2022– 2027 е основен стратешки документ чија визија е постигнување родова еднаквост во општество како услов за целокупен и одржлив економски, социјален развој и напредок на земјата.

Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, Законот за спречување и заштита од дискриминација, Законот за обесштетување на жртвите од насилство, Кривичниот законик се правната рамка која превенира, заштитува и санкционира било каков облик на насилство врз жените, вклучително и говорот на омраза.

Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за спречување дискриминација истакна дека во моментот Комисијата нема многу претставки за заштита од дискриминација од страна на жени во политиката, но ги охрабрува сите во било кој момент да достават претставки.

„Комисијата активно работи и има склучено меморандуми за соработка во однос на говорот на омраза и вознемирувачкиот говор во традиционалните медиуми со релевантните чинители и институциите за контрола. Дополнително, Комисијата секоја година спроведува превентивни активности за превенција на вознемирувачки говор”, рече Камбери.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...