fbpx

Жените-земјоделки што ќе родат до 1 декември годинава, ќе добиваат платено породилно, одлучи Владата

-

Жените-земјоделки ќе користат надоместок за мајчинство во времето кога ќе бидат спречени да ја вршат земјоделската дејност поради раѓање, одлучи Владата на последната седница. Ова, како што е наведено во соопштението на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), е историска одлука со која е усвоена предлог-програмата за обезбедување на социјална сигурност за жените кои вршат земјоделска дејност. Ова право не е опфатено со прописите за платено породилно отсуство од областа на работните односи на вршителките на земјоделска дејност.

Како што велат во министерството, пари ќе добиваат само оние жени-земјоделки кои ќе родат дете во периодот од 1 декември 2022 до 1 декември 2023 година.

„Со ова, за прв пат го решаваме правото на користење на надоместок за мајчинство за жените-земјоделки, за време на спреченост на вршење на земјоделската дејност поради раѓање. Со усвојувањето на оваа програма, ќе започне реазлизацијата на посебна мерка за финансиска поддршка во износ од 81.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство“, информираат во МЗШВ.

Целната група која ќе ја има оваа поддршка се жените кои имаат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец, стекнат согласно Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои законите од областа на работните односи не ги препознаваат како лица во работен однос, поради што не можат да остварат платено породилно отсуство.

Финансиска поддршка за надоместок за мајчинство, ќе се доделува на жена која родила дете во периодот од 1 декември 2022 до 1 декември 2023 година.

Исто така треба да бидат исполнети и следните услови: Жената да е запишанa во единствениот Регистар на земјоделски стопанства како носител или член на семејно земјоделско стопанство, семејното земјоделско стопанство во кое членува да остварило финансиска поддршка согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година во износ од најмалку 100.000 денари или остварен приход од вршење на земјоделска дејност во висина од најмалку 300.000 денари. Потребно е и да има непрекинат статус на осигуреник Индивидуален земјоделец согласно Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во времетраење од 12 месеци пред раѓање на детето.

Програмата е изработена на иницијатива и во директна соработка со жените вршителки на земјоделска дејност, кои работат и живеат во рурални средини и остваруваат приход од земјоделска дејност, а досега не примале платено породилно отсуство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...