fbpx
Таг: Ричард Ховит

таг: Ричард Ховит

Хан, Вајгл, Кукан и Ховит во Брисел разговараа за состојбата во Македонија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретнал со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, со кои разговарал за политичката ситуација во Македонија. Хан на својот официјален твитер-профил сподели слика од средбата и напиша: „Состанок за Поранешна југословенска република Македонија со европарламентарците, Кукан, Вајгл и Ховит“. Meeting on former Yugoslav Republic of #Macedonia w. Members of...

Каде ни се посредниците: Хан во Јордан, па во Либан, Кукан во Уганда, Ванхауте и Ховит во Брисел

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, се очекува да ја посети Македонија во средината на февруари, но од неговиот кабинет сè уште не го соопштуваат официјалниот датум. Тој денеска е во Аман, Јордан, каде што ќе се сретне со премиерот Абдула Енсур, со кој ќе разговара за потребата за продлабочување на соработката во справувањето со заедничките предизвици,...

Александар Чичаковски (ДИК): Не разговарам со новинари

Европратеникот Ричард Ховид и еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, добиле две различни изјави за подготвеноста и за состојбата на Државната изборна комисија за изборите планирани за 24 април. Сакајќи да дознаеме која од двете изјави е точна и дали претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на двајцата европски претставници им дал различни мислења, го побаравме на телефон. Тој само...

Катица Јанева бара поголема надлежност врз заштитените сведоци

Катица Јанева преку амандмани на постојниот Закон за заштитени сведоци ќе бара да ѝ се олесни користењето ваков вид сведоци. Истовремено, со амандманите се бара во законот да фигурира и Специјалното обвинителство за тоа да може да предлага и да бара заштита на одредени сведоци, потврди за „Мета“, портпаролката на Специјалното јавно обвинителство, обвинителката Ленче Ристовска. - Станува збор за амандмани...

Ховит: Изборите се само еден дел од Договорот

Европратеникот Ричард Ховит, во интервју за телевизијата „Телма“, изјави дека не е важно дали изборите ќе се одржат на 24 април или подоцна, туку тие да бидат фер и демократски и во согласност со меѓународните стандарди. - Тоа што би сакал да го истакнам е дека сеедно е дали датумот ќе биде 24 април или некој друг, како што се...

Кукан, Ховит и Вајгл: Да не се опструира специјалната обвинителка

Тројцата европратеници, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, денеска одржаа прес-конференција на која ги кажаа своите гледишта и очекувања од дводневните средби со претставниците на политичките партии, Државната изборна комисија, специјалната јавна обвинителка и со претставниците на невладините организации. Заедничко за сите тројца е тоа што сметаат дека Договорот од Пржино не е целосно имплементиран, дека има итни реформи...

Европратеници: Загрижени сме од доцнењето со Договорот од Пржино

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан по средбата со претставниците на политичките партии, ДИК и со специјалнатта обвинителка Катица Јанева, дадоа заедничка изјава во која велат дека ги повикуваат политичките партии да не штедат време и труд во имплементирањето на Договорот од Пржино и на сите реформи што се предвидени со него. Тие истакнуваат дека имплементирањето на Договорот од Пржино...

ВМРО-ДПМНЕ од европратениците побара избори на 24 април

Никола Тодоров, министерот за здравство и член на извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се сретна со европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, на кои им укажал дека од партијата очекуваат Договорот од Пржино да биде до крај реализиран и да има избори на 24 април. „На меѓународните претставници, кои се гарантори на спроведувањето на договорот, им беа пренесени...

Заев: Партиите имаат обврска да ги исполнат очекувањата за фер и демократски избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателката Радмила Шекеринска, денеска се сретна со европратениците Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел. На средбата се разговарало за спроведувањето на Договорот од Пржино и за потребата од негова суштинската имплементација. Заев рекол дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и дека само негово целосно спроведување...

Бриселската тројка без изјави по средбата со Заев

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан денеска одбија да дадат каква било изјава по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, наведувајќи дека тоа ќе го направат утре, откако тоа ќе завршат сите предвидени средби. Бриселската тројка по средбата во седиштето во СДСМ се упати кон Канцеларијата на Европската комисија во Скопје, каде, според најавите, тројцата европратеници треба...

Бриселската тројка ќе го откочува Договорот од Пржино

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан денеска напладне ќе ги почнат средбите со претставниците на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, соопштуваат од Делегацијата на ЕУ во Скопје. За време на посетата, европратеничката тројка, која заедно со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, посредуваше при носењето на Договорот, ќе се сретне и со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева...

Груевски потврди – ќе поднесе оставка пред 15 јануари

Премиерот Груевски денеска соопшти дека ќе поднесе оставка пред 15 јануари за да може да се спроведе Договорот од Пржино. - Во согласност со договореното, на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе дадам оставка, а за тоа кој ќе биде човекот што ќе биде претседател на владата за спроведување на изборите, ќе се...