fbpx

Европратеници: Загрижени сме од доцнењето со Договорот од Пржино

-

Европратениците Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан по средбата со претставниците на политичките партии, ДИК и со специјалнатта обвинителка Катица Јанева, дадоа заедничка изјава во која велат дека ги повикуваат политичките партии да не штедат време и труд во имплементирањето на Договорот од Пржино и на сите реформи што се предвидени со него.

Тие истакнуваат дека имплементирањето на Договорот од Пржино е политички приоритет кој е потребен за да се надмине политичката криза во државата. Според нив, потребно е политичките пратии да се посветат целосно и да се фокусираат на оние делови од договорот што сè уште се критични.

„Ги охрабруваме сите засегнати страни да го подготват избирачкиот список со методологија што ќе биде кредибилна и која ќе има кредибилна теренска проверка и да преземат чекори со кои ќе се овозможи слобода на медиумите. Ги повикуваме сите страни оваа недела да ги искористат разговорите со членовите на Европскиот парламент и со еврокомесарот Јоханес Хан за да обезбедат сигурен договор за имплементација на сите проблеми. Исто така, сакаме да потсетиме дека мора да има поддршка од цела држава за работењето на специјалната јавна обвинителка. Загрижени сме за доцнењето, па дури и враќање неколку чекори наназад за некои од важните аспекти од Договорот од Пржино. Убедени сме дека преземањето на овие мерки е начин да се одржат демократските аспирации на сите граѓани, исто како и задржување на позитивната препорака за преговори и на европската перспектива. Земајќи ја предвид важноста на овие избори во напредокот во спроведувањето на Договорот од Пржино, како и демократскиот развој на државата во иднина, очекуваме Европскиот парламент да биде присутен за време за изборите, како показател за нашата посветеност и солидарност со сите граѓани“, стои во заедничката изјава на европратениците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...