fbpx

Кривична за возачот на камионот со мигранти откриен на стариот пат Скопје – Куманово

-

Секторот за внатрешни работи Куманово го сомничи 25-годишниот М.М. од велешкото село Сливник, дека го управувал камионот во кој во петокот минатата недела беа откриени 33 мигранти, на стариот пат Скопје – Куманово.

Како што информираат од МВР, против осомничениот е поднесена кривична пријава за криумчарење мигранти.

Министерството за внатрешни работи во саботата соопшти дека камионот, марка „мерцедес“, во кој биле мигрантите, имал лажни велешки регистарски ознаки. Според полицискиот увид, претходниот сопственик на камионот, инаку 33-годишен штипјанец, на 4 јануари годинава, го продал возилото на 24-годишен велешанец со иницијали Џ.И., а на истиот датум биле одјавени и регистарските ознаки на камионот.

Според МВР, во камиониот беа пронајдени вкупно 33 мигранти, од кои 16 се ирачки државјани, 15 се од Иран и двајца се од Либија.

Министерството за внатрешни работи денеска, исто така, информира дека во неделата на автопатот село Удово – Демир Капија било запрено возило, марка „крајслер војаџер“, во кое имало 21 илегален мигрант. Возачот на „крајслерот“ е во бегство и полицијата трага по него, а мигрантите биле приведени во полициската станица за граничен надзор на преминот Богородица.

Покрај тоа, дваесет илегални мигранти во неделата попладне биле пронајдени во камион, со скопски регистарски ознаки, паркиран на бензинска пумпа во близина на селото Смоквица, Гевгелиско, соопшти вчера МВР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...