fbpx

Хан, Вајгл, Кукан и Ховит во Брисел разговараа за состојбата во Македонија

-

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, денеска се сретнал со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, со кои разговарал за политичката ситуација во Македонија.

Хан на својот официјален твитер-профил сподели слика од средбата и напиша: „Состанок за Поранешна југословенска република Македонија со европарламентарците, Кукан, Вајгл и Ховит“.

– Комесарот разговараше за имплементацијата на политичкиот договор и итните реформски приоритети – соопштија претставници на ЕУ за „Мета“.

Тројцата европратеници и eврокомесарот посредуваа при составувањето и при потпишувањето на Договорот од Пржино за излез од политичката криза.

Хан пред две недели соопшти дека ќе ја посети Македонија во средината на февруари и потсети дека конструктивна соработка на сите партии е единствениот пат за да се обезбедат фер и демократски избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЕИБ: Нема доволно податоци од регионалните претпријатија за да се процени нивниот импакт на околината

Според ново истражување на Европската инвестициска банка (ЕИБ), малите и средните претпријатија во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) не објавуваат доволно информации во однос на ЕСГ, мерка со...