fbpx

Протест на вработените од „Југохром“

-

Министерството за животна средина да престане да врши притисок врз комбинатот „Југохром“ за негово затворање, сите вработени да се вратат на работа на 1 март годинава, а раководството да го имплементира процесот на поставување филтри на фабриката. Ова се трите барања што денеска вработените на „Југохром“ и синдикатот ги упатија на денешниот протест одржан пред фабриката.

– Ако не се исполнат барањата, ќе продолжиме со протести и со блокади на улици. Овие барања мора да се исполнат – вели Пеце Ристовски, претседател на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

Вработените на „Југохром“ сметаат дека фабриката не требало да се затвори затоа што месецов што изминал воздухот во Тетово бил екстремно загаден иако фабриката не работела.

– Затворањето на фабриката само ни нанесе штета. Останавме без парче леб. Неколкупати воздуот во јануари беше за 16 или 17 пати повеќе загаден од дозволените граници. Зарем овој податок не докажува дека Тетово го загадуваат други загадувачи – изјави Бајрам Амити, вработен во фабриката.

Фабриката на 31 декември минатата година ги исклучи печките. Оттаму соопштија дека нема да работат до крајот на февруари поради состојбата со загадениот воздух, која во овој период од годината е најалармантна.

Преку писмено соопштение информираа и дека одлуката ја донеле доброволно, но дека тие остануваат на ставот дека нивната фабрика не е единствениот, а уште помалку најголемиот загадувач во регионот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...