fbpx

Груевски потврди – ќе поднесе оставка пред 15 јануари

-

Премиерот Груевски денеска соопшти дека ќе поднесе оставка пред 15 јануари за да може да се спроведе Договорот од Пржино.

– Во согласност со договореното, на 15 јануари ќе се избира нова влада со претседател на владата за спроведување избори. Претходно, секако, ќе дадам оставка, а за тоа кој ќе биде човекот што ќе биде претседател на владата за спроведување на изборите, ќе се објави откако ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука. Таа одлука ќе биде јавно промовирана од ВМРО-ДПМНЕ или преку соопштение или преку прес-конференција – изјави Груевски, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ги исполнува сите обврски преземени со Договорот од Пржино.

Изјавата на Груевски доаѓа десетина дена пред истекот на рокот за избор на технички премиер и пред доаѓањето на еврокомесарот Јоханес Хан, кој пред две недели до потписниците на Договорот од Пржино испрати писмо во кое ја изрази својата загриженост поради пробивањето на предвидените рокови.

Груевски, сепак, не откри за што ќе разговара со Хан, но додаде дека деталите од разговорите ќе ги открие по средбата.

Европратениците Ричард Ховит, Иво Вајгл и Едвард Кукан, кои заедно со еврокомесарот Јоханес Хан посредуваа во постигнувањето на договорот, на 11 јануари ќе допатуваат во Македонија.

Неофицијално се дознава дека европратениците, за кои не се знае дали ќе дојдат заедно со Хан, ќе се обидат да ги откочат преговорите за медиумите, работата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, како и дијалогот за владеење на правото и за граѓанското општество.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...