fbpx

Груевски најави ново зголемување на пензиите во септември

-

Пензионерите годинава во септември ќе добијат ново петпроцентно зголемување на пензиите, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.

– За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти, кое ќе се реализира со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври, кога околу 300.000 пензионери практично ќе земат зголемена пензија – рече Груевски, додавајќи дека од 2006 година па досега најниската пензија во земјава пораснала за 94 отсто, а просечната пензија за 79 отсто.

Премиерот рече дека Владата се труди секоја година да ги зголемува пензиите бидејќи тоа е дел од изборните ветувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.