fbpx

Каде ни се посредниците: Хан во Јордан, па во Либан, Кукан во Уганда, Ванхауте и Ховит во Брисел

-

Еврокомесарот за проширување и за соседска политика, Јоханес Хан, се очекува да ја посети Македонија во средината на февруари, но од неговиот кабинет сè уште не го соопштуваат официјалниот датум.

Тој денеска е во Аман, Јордан, каде што ќе се сретне со премиерот Абдула Енсур, со кој ќе разговара за потребата за продлабочување на соработката во справувањето со заедничките предизвици, особено со бегалската криза.

Според агендата на Хан, тој утре ќе престојува на мисија во Либан.

Средби на работните групи не се очекуваат до вторник затоа што посредникот во преговорите, Питер Ванхауте, од денеска е на консултации во Брисел.

Европратениците Едвард Кукан, Иво Вајгл и Ричард Ховит, кои посредуваа во решавање на политичката криза, во наредните денови, во Брисел ќе ја разгледуваат политичката ситуација во Македонија. На средбата е можно да присуствува и еврокомесарот Хан, но засега нема официјална потврда за тоа.

За средбата на европратениците нема официјален датум, но се очекува таа да биде пред доаѓањето на Хан во Македонија.

Едвард Кукан вчера беше во Уганда, каде треба да се одржат избори на 18 февруари.

На Ричард Ховит последната активност му била во Европскиот парламент, каде, според неговиот твитер-профил, вчера оддал почит за Денот на сеќавање на холокаустот. Тој денеска се сретна со Хусам Зомлот, директор на Комисијата за меѓународни односи на Палестина.

Последната забележана активност на Иво Вајгл била на 25 јануари, кога во парламентот говорел за извозот на живи животни надвор од ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...