петок, 17 април, 2026
Meta.mk

Ознака: РЕК-Битола | 112 резултати

Топловодните цевки од РЕК стигнаа до Битола, парно во 2025 година

јануари 10, 2023

Цевките кои ќе пренесуваат топлинска енергија од РЕК стигнаа до Битола. Првите приклучоци на централно греење во овој град се очекуваат веќе во 2025 година. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека започнале градежните активности за спроведување на топловодот во индустрискиот дел од градот. Изградени се дванаесет километри од топловодната гранка од РЕК до […]

Вработените во РЕК Битола го санираа дефектот, блок 1 ставен во функција

јануари 5, 2023

Блок 1 на РЕК Битола попладнево околу 15 часот е ставен во функција, информираа во Електрани на Северна Македонија. Оттаму појаснуваат дека постројката произведува електрична енергија и е синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем. „Благодарание на стручноста и ангажманот на вработените во Термоелектраната, за нецели 24 часа санираните се пукнатите цевки заради кои блокот вчера утрото […]

ЕСМ: Исклучен од мрежа блок 1 на РЕК Битола заради скинати цевки во котелот

јануари 4, 2023

Блок 1 на РЕК Битола утрово е исклучен од мрежа заради скинати цевки во котелот на постројката. Во тек е дефектажа која точно ќе ги лоцира аномалиите, по што во најбрз можен рок Блокот ќе биде саниран и вратен во функција, соопштија од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Оттаму информираат дека на блок 1 пред […]

РЕК Битола доби А-интегрирана дозвола, за намалување на загадувањето треба да инвестира 157 милиони евра

декември 28, 2022

РЕК Битола конечно доби А-интегрирана дозвола. Министерството за животна средина веќе го објави документот кој предвидува многу активности за заштита на воздухот, водите и почвата во околината на енергетскиот комбинат. РЕК Битола е еден од главните загадувачи што користи фосилни горива за производство на електрична енергија и кој досега работеше без усогласен оперативен план и […]

Блок 1 на РЕК Битола вратен на мрежа, санацијата завршена 24 часа порано

ноември 20, 2022

Блок 1 во РЕК Битола од утрово во 8.35ч е вратен на мрежа и продолжи со производство на електрична енергија, по извршената санација во изминатите два дена, соопшти АД ЕСМ. Санирањето на пречките во делот на кондензаторот и на дел од цевководниот систем во постројката се изведени 24 часа порано од предвидениот рок и блокот […]

Ковачевски очекува енергетска транзиција, но и отворање на рудник на јаглен за РЕК Битола

ноември 5, 2022

РЕК Битола е доминантен производител на електрична енергија во земјава и столб на македонската економија. Комбинатот во следните десетина години ќе се трансформира во капацитет за производство на чиста енергија, а ниту еден работник нема да го изгуби работното место, рече денеска Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на свеченоста по повод јубилејот 40 години од […]

Вработените во РЕК Битола работат со цел капацитет за да обезбедат струја за домаќинствата

октомври 23, 2022

Фатмир Битиќи, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, ја посети РЕК Битола, каде што заедно со директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски одржаа работен состанок. Битиќи се заблагодари на сите вработени во РЕК Битола за снабдувањето со доволно количество струја од домашно производство во овој период на енергетска криза. […]

ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со затворањето на загадувачите Осломеј до 2023 година и на РЕК Битола до 2027 година

октомври 19, 2022

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со затворањето на Осломеј до 2023 година и на РЕК Битола до 2027 година, бидејќи тоа, како што изјави денеска лидерот на партијата Христијан Мицкоски, ќе остави 4.000 семејства на улица и најмалку уште 40.000 кооперанти кој што зависат од работата на овие два производни капацитети на базна енергија. Мицкоски […]

РЕК „Битола“ од синоќа почна да работи со два блока

октомври 16, 2022

РЕК „Битола“ двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блокот 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава, информираат од владината прес-служба. Од Владата информираат дека во РЕК „Битола“ во моментов се во функција два од трите блока, откако беше завршен ремонтот на Блок 1 после 23 дена, во […]

ЕБОР и ЕУ ја поддржуваат зелената транзиција кон соларна енергија во Северна Македонија со кредит од 25 милиони евра

јули 1, 2022

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), со образложение дека македонските капацитети за декарбонизација прават голем исчекор, одобри кредит од 25 милиони евра на ЕСМ, компанијата за производство на електрична енергија во државна сопственост, за изградба на капацитети за производство на струја со фотонапонски панели со моќност од 30 мегавати. Како што појаснија од ЕБОР, […]

ЕСМ: Нормализирана е работата на системите за ископ на јаглен и јаловина во рудниците на РЕК Битола

мај 29, 2022

Работењето на системите во рудникот Суводол на РЕК Битола е нормализирано. По обилните врнежи од дожд кои во петокот и вчера го зафатија рудникот и предизвикаа поплава, ископот на јаглен и јаловина продолжува според планираната динамика, информираат од АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). Увид во нормализирањето на состојбите денеска направи генералниот директор на АД […]

CEE Bankwatch Network и „Еко свест“: Само во Новаци шестмина умираат предвреме како последица од РЕК Битола

мај 3, 2022

Комплексот РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа, а термоелектраната предизвикува до шест предвремени смртни случаи само во општината Новаци, открива новата анализа изработена од CEE Bankwatch Network. Во документот „Загадување на воздухот и поврзани здравствени последици во Новаци, Северна Македонија“ подготвена од CEE Bankwatch Network во соработка со „Еко-свест“ уште еднаш се […]

Почна поставувањето на цевките на топловодот од РЕК Битола, ќе се обезбеди парно за Битола, Новаци и Могила

април 29, 2022

Започна поставувањето на цевките од топловодот од РЕК Битола до Битола. Од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека со засилен интензитет се подготвува трасата низ која ќе поминува топловодот, кој ќе обезбеди парно греење за трите општини во близина на РЕК Битола – Битола, Новаци и Могила. „Првите цевки се поставени на излезот од […]

По критиките од екологистите, од ЕСМ велат дека ќе градат четири сончеви електрани во РЕК Битола

април 11, 2022

АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) денеска информираше дека подготвува изградба на четири фотонапонски електрани со вкупна инсталирана моќност од 280 мегавати во РЕК Битола. Сепак, за искористување на сонцето како обновлива енергија засега се обезбедени средства единствено за изработка на проектната документација. „Првата електрана од 20MW ќе биде лоцирана во самиот круг на комбинатот, […]

Еко-свест ги осудува најавите за отворање на нов рудник за лигнит во Живојно

април 1, 2022

По денешните најави на директорот на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски дека актуелната криза ја отворила потребата од подолго користење на рудниците и планираната инвестиција во нови ископи во рудникот Живојно во РЕК Битола и рудникот Гуштерица во РЕК Осломеј, со реакција и најостра осуда излегоа од Еко-свест. Од Центарот за истражување и […]

Рестрикции на струја ќе нема, во јануари во целосен погон ТЕЦ Неготино и РЕК Битола

декември 28, 2021

ТЕЦ Неготино и РЕК Битола е предвидено во текот на јануари да работат со целосниот капацитет со којшто располагаат за производство на електрична енергија. Директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во текот на најладниот месец ќе проработи вториот котел во ТЕЦ Неготино и третиот блок на РЕК Битола. Според Ковачевски, со максимално ангажирање […]

Бектеши со целосна поддршка за разрешувањето на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј

ноември 24, 2021

По одлуката на управата на АД ЕСМ за разрешување на директорите на РЕК Битола и РЕК Осломеј, министерот за економија Крешник Бектеши изрази целосна поддршка и побара одлоговрно, домаќинско и професионално менаџирање на институциите. Тој нагласи дека нема да има ценовни шокови кај електричната енергија од јануари следната година и нема да има рестрикции на […]

ЕСМ ги разреши директорите во РЕК Битола и РЕК Осломеј, најави и други кадровски промени

ноември 24, 2021

На седница на Управниот одбор на АД ЕСМ донесена е одлука за кадровски промени во РЕК Битола и во РЕК Осломеј, соопшти денес АД ЕСМ. Разрешен е директорот на РЕК Битола Златко Ќурчиевски и на негово место за в.д. директор е назначен Пеце Матевски, досегашен директор на Термоелектрана. Досегашниот технички директор во Рудници, Стојан Мицкоски […]

Набавени 90.000 тони јаглен за РЕК Битола, повикот ќе биде отворен во текот на целата грејна сезона

ноември 23, 2021

Од првично планираните 900.000 тони јаглен за набавка за потребите на РЕК Битола на распишаниот јавен повик, досега е договорено купувањето на 90.000 тони од Албанија. АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) информираат дека ќе го потпишат договорот за набавка на овие количества јаглен, ќе го засилат ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе […]

ЕСМ: РЕК „Битола“ од синоќа работи со два блока, има доволно јаглен

ноември 15, 2021

АД ЕСМ информира дека од синоќа во 2:45 часот Блокот 2 во РЕК „Битола“ е синхронизиран во електроенергетскиот систем на земјава. Производството на електрична енергија продолжува и од Блокот 1, така што најголемиот енергетски капацитет во земјава од денеска практично работи со два од трите блока. „На депонијата за јаглен во РЕК „Битола“ во моментов […]

Страна 2 од 6