fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Собранието треба да усвои декларација за забрзување на реформите од планот „3-6-9“

Комисијата за европски прашања на Собранието на денешната седница, на чиј дневен ред е реформскиот план на Владата „3-6-9“, треба да усвои декларација за забрзување на реформските и на интегративните процеси за зачленување на Македонија во Европската Унија и во НАТО. Целта на декларацијата, како што е наведено во образложението од Комисијата, е да ја „потврди консензуалната и надпартиска сплотеност...

ДС: Без демократизација на партиите нема демократизација на државата

Покрај системските промени во правосудството, медиумите и во тајните служби, неопходни се реформи и во поставеноста и во дејствувањето на политичките партии, стои во соопштението на Демократскиот сојуз и се додава дека без демократизација на партиите, нема демократизација на државата. „Гломазните партии и црпењето кадри од членовите (лепачи на плакати и сл.) на партијата на власт во изминатите 11 години...

Заев со Светска банка: Приоритет на владата се економскиот развој и стабилноста

Врвен приоритет на Владата е да обезбеди стабилност на економијата и развој, порачал македонскиот премиер Зоран Заев на вчерашната средба со Цирил Милер, потпретседател на Светска банка, придружуван од регионалната директорка за Западен Балкан, Линда ван Гелдер, и директорот на Светска банка за Македонија, Марко Мантованели. Во македонскиот тим биле и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, и министерот...

Меркел: Германија ја поддржува Македонија во евроатлантската интеграција

За време на Самитот за Западен Балкан во Трст, премиерот Зоран Заев имаше билатерална средба со канцеларката на Република Германија, Ангела Меркел, која изразила поддршка за новата влада, за суштниски реформи и за определбата за интеграција на Република Македонија во ЕУ, соопштија од кабинетот на премиерот. - Владата е одлучна да ги спроведе потребните реформи и да ја осигура евро-атлантската...

Рот: Доколку ги спроведете реформите, Германија ќе ве поддржи во евроинтеграциите

На Македонија ѝ е потребно помирување и реформи и важно е тие да бидат спроведени во интерес на државата и на нејзиниот народ, бидејќи иднината на Македонија е во ЕУ, изјави државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, на заедничката прес-конфернеција со министерот за надворешни работи, Никола Димитров. - Првите чекори на Владата се во вистинска...

Заев – Рот: Германија ќе ја поддржува Македонија во реформскиот процес

Премиерот Зоран Заев и државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Виктор Димовски, попладнево се сретнаа со државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Република Германија, Михаел Рот, придружуван од германската амбасадорка, Кристине Алтхаузер. „Германскиот државен секретар Рот дојде со силна поддршка од Германија за чекорите на премиерот Заев и на новата влада на Македонија, во...

Жбогар: Следните три месеци се клучни за планот „3 – 6 – 9“

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист и дека очекува Владата да го спроведе реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции. Тој нагласи дека е добро што реформите се ставени на хартија и има рокови за нивно реализирање, додавајќи дека во наредните неколку месеци ќе се следи колку Владата ќе може да испорача. - Она што е добро е...

Кржаловски: СДС ќе ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа

Антиреформската влада предводена од СДС одлучи да ја стопира имплементацијата на најкрупната образовна реформа, со која во изминатите три години се издвоивме како единствена земја и лидер во регионот кога е во прашање модернизацијата на системот на образование до 18-годишна возраст, изјави денеска пред Министерството за образование и наука Лука Кржаловски од ВМРО-ДПМНЕ - Наместо да обезбеди континуитет во воспитно-образовниот...

Заев го презентираше планот „3 – 6 – 9“: Пакет брзи реформи за препорака и за преговори со ЕУ

Македонија прави пробив во евроатлантските аспирации преку отворена транспарентна инклузивност на сите заинтересирани страни, изјави премиерот Зоран Заев, презентирајќи го реформскиот план насловен како „3-6-9“. Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки во кои треба да бидат спроведени реформите. - Во првите три месеци, до локалните избори, планираме да се обезбеди отстранување на условената препорака за почеток на...

Шефот на УБК до вработените: Нè чекаат големи реформи во кои ќе нема простор за компромиси

Директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Горан Николовски, денеска преку писмо до вработените во УБК, ја презентираше мисијата и визијата за Управата, кои, како што вели, ќе бидат водилка на патот кон „создавање нова служба во согласност со европските стандарди“. Николовски на почетокот на писмото забележува дека на позицијата директор доаѓа во време кога сликата за УБК е...

Богојески: Почнуваме кампања за подигнување на свеста за реформи во ВМРО-ДПМНЕ

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ денеска најавија почеток на теренска кампања низ сите општини во Република Македонија. Петар Богојески, еден од членовите на иницијативата, истакна дека кампањата ќе биде за подигнување на свеста за потреба од суштински реформи во ВМРО-ДПМНЕ и ги повика членовите на ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат и да дадат свој придонес за отворање и за демократизација на партијата. – Кампањата ќе...

Беса на Заев му вети поддршка за решенијата важни за граѓаните

Премиерот Зоран Заев денеска се сретнал со претседателот на Беса и со двајца пратеници од партијата, при што добил уверување дека партијата ќе ги поддржи сите решенија што се во полза на граѓаните, информираа од Владата. На средбата, претседателот на Беса, Билал Касами, и пратениците Африм Гаши и Фадил Зендели, на Заев му го честитале преземањето на премиерската фунција, а...

ЗНМ и Ванхауте: Медиумските реформи мора бргу да се реализираат

Здружението на новинари на Македонија ја поздравува заложбата на Владата за итни медиумски реформи кои ќе се базираат на предлогот подготвен од европскиот експерт Питер Ванхауте и поддржан од ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници (ССНМ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ), Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) и од Институтот за комуникациски студии (ИКС). Претседателот...

ЗНМ и Ванхауте лобираат кај новата влада за спроведување на реформите во медиумите

Поранешниот посредник на ЕУ во Договорот од Пржино, белгискиот експерт Питер Ванхауте, оваа недела е во посета на Скопје на покана на Здружението на новинари на Македонија, за да лобира кај новата влада за спроведување на медиумските реформи. Ванхауте денеска, заедно со претставници на ЗНМ, се сретнал со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, и со претставници на...

Надворешна наместо внатрешна контрола на работата на полицијата

Контролата на професионалното и законито работење на полицијата, според најавените реформи во Министерството за внатрешни работи, ќе се врши преку надворешен механизам, наместо преку досегашниот Сектор за внатрешна контрола. Ова, меѓу другото, го истакнал министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на денешната средба со делегацијата на Советот на Европа, предводена од Тања Ракушиќ-Хаџиќ, раководителка на одделението за кривично-правна соработка на...

Груевски до Бејли: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи сите реформи што се во интерес на граѓаните

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, заедно со членот на извршниот комитет на партијата, Никола Тодоров, денеска со американскиот амбасадор Џес Бејли разговараше за актуелната состојба, приоритетите и за предизвиците на државата. Како што соопштија од партијата, на средбата била констатирана заложбата на земјава што поскоро да добие позитивна одлука за членство во НАТО, што, како што се истакнува, преставува стратешка определба...

Вангеловски побарал од Прибе во реформите активно да бидат вклучени и судиите

Актуелната состојба во судството и препораките од извештајот на експертската група на Европската комисија од 2015 година биле во фокусот на средбата меѓу претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, и експертот на Европската Унија, Рајнхрад Прибе. На средбата, како што соопштија од судот, Вангеловски истакнал дека реформите во судскиот систем треба да се спроведат со активно учество на судиите, заради...

Анѓушев до Ромео: Владата е посветена на обврските што произлегуваат од Берлинскиот процес

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, со италијанскиот амбасадор Карло Ромео разговарал за побрза интеграција на земјите од овој регион во Европската Унија. Средбата доаѓа во пресрет на самитот за Западен Балкан во Трст, што ќе се одржи на 12 јули, а се одвива во рамките на Берлинскиот процес. Ромео, чија земја е домаќин на годинашниот самит...

Прибе на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен појадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети. Вчера...

Прибе утре на работен појадок со Димитров и со Османи во МНР

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, утре во просториите на Министерството за надворешни работи ќе одржат работен пoјадок со германскиот експерт Рајнхард Прибе, соопшти МНР. Прибе, како што претходно најави еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, доаѓа во Македонија за да ѝ помогне на Владата во спроведувањето на реформските приоритети. Инаку,...