fbpx
Таг: реформи

таг: реформи

Реформаторите објавија декларација за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ

Претставниците на иницијативата за демократизација и за модернизација на ВМРО-ДПМНЕ објавија декларација „Европско ВМРО-ДПМНЕ за европска Македонија“, која предвидува осум столбови: одговорно управување, слободен човек и општество, култура на законите, политички дијалог, интеграција во ЕУ и во НАТО, економски развој и претприемништво, развој на образованието и на културата и здрава нација. - Оваа декларација ги поставува темелите на новата реформирана...

Османи: Институциите треба да се посветат на реформите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи оствари средба со претседателот на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, Ѓорѓи Сламков, соопштија од Секретаријатот за европски прашања. Османи на состанокот посочил дека покрај Владата, владините институции, Собранието итн., потребно е и останатите институции, кои се политички независни во својата работење и одлучување, да...

Димитров му ги презентираше на финскиот колега реформските приоритети на Владата

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денеска во Хелсинки се сретна со својот фински колега, Тимо Соини, на кого му ги презентирал „клучните реформски приоритети на Владата и нејзините активности за што побрзо отворање на европската перспектива на земјата“. Димитров го образложил, како што се наведува во соопштението од МНР, и новиот конструктивен пристап кон надворешната политика, насочен кон враќање...

Шведска ќе помогне во реализација на реформската агенда на македонската Влада

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денеска, во рамки на својата нордиска турнеја ќе престојува во работна посета на Финска. Димитров вчера во Стокхолм имаше средба со шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром, на која беше усвоена декларација за соработка меѓу двете земји, со која, како што соопшти македонското МНР, „се потврдува поддршката на стратешките цели на Македонија и...

Заев бара од Џафери термин еднаш неделно да одговара на пратенички прашања

Премиерот Зоран Заев му испратил писмо на претседателот на Собранието, Талат Џафери во кое бара спикерот, согласно процедурите на законодавниот дом, да одреди термин за одржување на неделни тематски пратенички прашања со траење од еден час. Ваквото барање, како што наведува Заев во писмото е во контекст на целосното спроведување на планот „3-6-9“, и грижата надзорната функција на Собранието и...

Пенс му пренел на Заев дека за САД е важно да се обезбеди владеење на правото

Премиерот Зоран Заев денеска во Подгорица имал средба со потпретседателот на САД, Мајк Пенс. Од Владата информираат дека американскиот потпретседател Пенс соопштил дека Македонија може да смета на поддршката од САД и изразил поддршка за политиките на Владата, како и на заложбите на Македонија за членство во НАТО. „Ставот на претседателот на САД, Доналд Трамп, е дека САД стојат зад Република Македонија...

СДСМ: Реформите ќе се спроведат и покрај опструкциите од ВМРО-ДПМНЕ

Јавноста ги препозна лицемерието, деструкцијата и блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која очајно се обидува да го блокира спроведувањето на зацртаните реформи за кои гласаше мнозинството граѓани и кои носат повисоки плати, нови работни места, независни институции и подобар живот за сите, реагира СДСМ на тврдењата на пратеникот на опозицијата Драган Данев дека владејачката партија само декларативно...

Спасовски: Трулото судство овозможи да избегаат Грујовски и Бошковски

Бегството на Горан Грујовски и на Никола Бошковски не е неуспех на македонската полиција, тоа покажува колку е труло македонското судство, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека одговорноста за бегањето на поранешниот директор на петтата управа и на неговиот соработник треба да се бара кај судииите. - За ова треба да се поднесе одговорност бидејќи беше оставено време овие...

Заев – Мекилвам: Една третина од реформите предвидени за три месеци се реализирани

Премиерот Зоран Заев, придружуван од вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, попладнево се сретнал со Фиона Мекилвам, директорка за Западен Балкан во Министерство за надворешни работи на Велика Британија, која на средбата била придружувана од британскиот амбасадор во земјава, Чарлс Гарет. На средбата, како што соопштуваат од Владата, Заев се заблагодарил за искрената поддршка од Велика Британија. „Владата е ориентирана кон ефикасна...

Новиот регионален директор на Светска банка во посета на Македонија

Новиот регионален директор на Светска банка за земјите од Западен Балкан, Линда ван Гелдер, ќе престојува во Македонија од 25 до 28 јули. За време на нејзината посета ќе се сретне со претставници на Владата и со други чинители во земјата за да се запознае со приоритетите на Владата и со предизвиците со кои се соочува земјата. Таа, исто така, ќе разговара...

Османи: Политиката нема да се меша, реизборот на судии ќе го прави Судскиот совет

Политичките партии од новото парламентарно мнозинство и од Владата се за реформи, но нема да прават генерален реизбор на судии. Надлежноста на тоа е само на Судскиот совет, кој е надлежен да ги решава тие работи, порача вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, пред почетокот на заедничката работна средба на Секретаријатот за европски прашања и Министерство за правда, која...

Заев и Жбогар разговарале за реформите во правосудството и во медиумите

Македонскиот премиер Зоран Заев и амбасадорот на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар, денеска имале средба на која се разговарало за претстојните реформи во правосудниот систем, медиумите и за воспоставувањето професионални државни институции, извести Владата. „На состанокот е реафиримирана поддршката на Брисел за реформската Влада во Македонија, која изрази подготвеност за суштински промени во државата за подигнување на квалитетот на животот на...

Прибе и експертскиот тим на средба во АВМУ за реформските приоритети

Експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе вчера остварила средба со директорот и со членовите на советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во рамките на спроведувањето на реформските приоритети што произлегоа од извештајот со препораки од 2015 година. Како што информираат од АВМУ, на средбата се разговарало за начинот на функционирање на регулаторното тело по стапувањето...

Поповски и Прибе разговарале за владиниот план за реформи во медиумската сфера

Министерот без ресор задолжен за комуникација, отчетност и за транспарентност, Роберт Поповски, денеска имал средба со експертската група на Европската Унија предводена од Рајнхард Прибе, на која било разговарано за мерките и за планот на Владата за реформите во медиумската сфера. Поповски, како што соопштија од Владата, во елаборацијата на чекорите и на мерките што се преземени од периодот од...

Претседателите на стопанските комори од регионот се сретнаа со Тајани

Претседателите на стопанските комори на земјите од Западен Балкан, денеска во Подгорица се сретнаа со претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани. Состанокот, на кој присуствуваа и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, и претседавачот на собранието на комората, Антони Пешев, се одржал во просториите на Стопанската комора на Црна Гора. „Констатирано е дека со донесувањето на повеќегодишниот акционен план за Регионалната...

Граѓанските организации бараат консултативен совет за реформите

Надградена верзија на предлогот на граѓанските организации за итни демократски реформи за следните 6, 9 и 12 месеци, денеска беше презентирана на прес-конференција во име на 73 граѓански организации и експерти. Предлозите за реформи се изработени од страна на 146 учесници на Форумот на граѓански организации на 4 и 5 јули годинава, а се надоврзуваат на основниот документ изработен...

Судиите од Кривичен се сретнаа со Прибе, бараат да бидат вклучени во реформите

Судиите од Основниот суд Скопје 1 денеска имале средба со Рајнхард Прибе и со неговиот тим на експерти, на која било истакнато дека извештајот и препораките на работната група на Прибе од 2015 година „се основа за реформите во судството“. Судиите на средбата истакнале дека е „потребно нивно поактивно вклучување во процесот на подготвување решенија за прашањата поврзани со финансирање...

Реформаторите на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека имаат поддршка и од пратеници

Борбата за демократија во ВМРО-ДПМНЕ е, всушност, борба за демократија во Република Македонија, за што имаме голема поддршка, вклучително и од многу од пратениците на партијатa, соопштија денеска членовите на Републичкиот штаб за реформи и за демократизација на ВМРО-ДПМНЕ. - Демократска држава е можна само ако постојат и демократски политички партии - рекоа првите луѓе на Штабот за реформи, зборувајќи...

Вангеловски на Прибе и на тимот им го презентирал својот план за реформи во судството

Рајнхард Прибе и неговиот тим експерти од денеска се во посета на земјава, во рамките на нивниот ангажман од страна Европската комисија да ѝ помогнат и да ја советуваат Владата во спроведувањето на системските реформи за владеење на правото. Експертот на Европската Унија и неговиот тим денеска имале средба со претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски. На средбата Вангеловски им...

Тимоние: Франција ги поддржува изградбата на правната држава и унитарноста на Македонија

Четвртина век како Франција е на страната на Македонците за да се зајакне државата и нејзината унитарност и ги придружува во изградбата на правната држава, што е услов кој важи за сите идни интеграции кон кои земјата легитимно се стреми, порача амбасадорот на Франција во Македонија, Кристијан Тимоние, на вчерашниот говор на свечениот прием на Националниот ден на Франција. На...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...