fbpx

Димитров му ги презентираше на финскиот колега реформските приоритети на Владата

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров денеска во Хелсинки се сретна со својот фински колега, Тимо Соини, на кого му ги презентирал „клучните реформски приоритети на Владата и нејзините активности за што побрзо отворање на европската перспектива на земјата“.

Димитров го образложил, како што се наведува во соопштението од МНР, и новиот конструктивен пристап кон надворешната политика, насочен кон враќање на меѓународните пријатели и „градење на односи на доверба со сите свои соседи и развој на опиплива регионална соработка“.

Министерот за надворешни работи на Финска, Тимо Соини, се додава во соопштението, ја поздравил реформската определба на Владата и истакнал дека Финска ќе продолжи да ги поддржува напорите на Македонија за враќање на европската перспектива и зачленување во Европската Унија.

На средбата било разговарано и околу можноста за возвратна посета на министерот Соини на Македонија оваа есен.

„Својот престој во Хелсинки министерот Димитров го искористи и за средба со високи претставници од Министерството за образование и култура на Финска и подетално запознавање со нивниот образовен модел, како земја лидер на светско ниво во оваа област. Имајќи ги предвид позитивните искуства и резултатите во сферата на финските образовни политики, беше изразена добра волја за споделување на експертиза која би била полезна за македонскиот образовен систем“, стои во соопштението од МНР.

Инаку, посетат на Финска е дел од нордиската турнеја на Димитров. Претходните денови тој ги посети Данска и Шведска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Започна судењето против Трамп – прв кривичен процес против американски претседател

Во Њујорк почна судењето на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во кривичната постапка под обвинение дека се обидел да ја прикрие исплатата на пари на порно ѕвездата Сторми Даниелс. На...