fbpx

Жбогар: Следните три месеци се клучни за планот „3 – 6 – 9“

-

Евроамбасадорот Самуел Жбогар денеска изјави дека е оптимист и дека очекува Владата да го спроведе реформскиот план „3-6-9“ за забрзување на евроатлантските интеграции.

Тој нагласи дека е добро што реформите се ставени на хартија и има рокови за нивно реализирање, додавајќи дека во наредните неколку месеци ќе се следи колку Владата ќе може да испорача.

– Она што е добро е што Владата излезе до план. Се премина од зборување за реформи на реформи кои се ставени конкретно на хартија. Мислам дека тоа што е потребно е во следните три месеци да се направат чекори во тој контекст. Се разбира дека ние, како Европска Унија, ќе ги поддржиме, меѓутоа да почекаме чекор по чекор да се реализираат овие работи – изјави Жбогар, кој денеска беше во посета на Желино и na Брвеница, во рамките на проектот „ЕУ за тебе“.

Планот „3-6-9“ вчера беше презентиран од премиерот Зоран Заев, кој посочи дека со новите реформи треба да се обезбеди демократски парламент, да се направат реформи во судството, безбедносните струкутруи, да се обезбеди кохабитација со претседателот, реформи во медиумите и соработка со граѓанскиот сектор, преку што ќе се обезбеди континуирана транспарентност и инклузивност.

Тој посочи дека бројките во името ги означувааат временските точки, односно бројот на месеци во кои треба да бидат спроведени реформите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...