fbpx
Таг: реакција

таг: реакција

ВМРО-ДПМНЕ: Нема ниту рекет, ниту местење тендери и Заев го знае тоа

„Заев презентираше режирани и сечени материјали кои не докажуваат ништо криминално и ништо што не е во согласност со законите. Неговото воведно обраќање претставува манипулација и наведување во целосно погрешен контекст, кој единствено му одговара на Зоран Заев“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на опозицијата. „Затоа тој имаше денеска подолг наратив од самите креирани...

Од СДСМ засега без реакција за серијата оставки

Од опозицискиот СДСМ велат дека засега немаат никаква реакција за оставките на министрите за внатрешни работи и за транспорт и врски, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, ниту, пак, за оставката на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Сашо Мијалков. Иако без официјални реакции, своите ставови високите членови на СДСМ ги искажаа на социјалните мрежи - Радмила Шекеринска на „Твитер“, а портпаролот Петре...

Од Кабинетот на Иванов реагираат: Заев не смее да изнесува информации од Советот за безбедност

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, реагираат на, како што велат, изнесувањето информации од страна на Зоран Заев за седницата на Советот за безбедност што се одржа во неделата, јавува „Телма“ . Во реакцијата се вели дека Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ, бил повикан од претседателот Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на Советот за безбедност, за да биде...

Албанија бара брза истрага за настаните во Куманово

Владата на Албанија ги повика македонските власти на што е можна побрза, целосна и транспарентна истрага во функција на вистината и на стабилноста во Македонија и во регионот. „Во овие услови, особено е важна заштитата на животот, имотот, слободата и на правата на секој граѓанин на Македонија, независно од етничката припадност. Како никогаш претходно, ова важи за Куманово, каде живее претежно...

Генералниот секретар на НАТО повика на воздржаност и на истрага

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изрази голема загриженост за ситуацијата во Куманово и во Македонија и изрази сочувство за семејствата на загинатите и на ранетите. „Важно е сите политички лидери и лидери на заедници заедно да работат за да го вратат мирот и да спроведат транспарентна истрага за да се воспостави што се случило. Итно ги повикувам сите на...

Г.Г.Стефан: Единството треба да биде нашата најголема сила

Да се помолиме за душите на загинатите и за здравје на повредените, побара поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан, во говорот по осветувањето на црква во Штип. При тоа, поглаварот се осврна на актуелната состојба и последните настани од Куманово. - Вчерашните случувања во Куманово, потврдија дека кога ќе заборавиме на обврските кон народот и кога партиските и личните интереси ни...

Хан е длабоко разочаран, апелира на воздржаност

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, во својата реакција по повод вчерашните случувања во Куманово, апелира да се врати смиреноста и целосно да се истражат настаните. „Длабоко сум загрижен за состојбата во регионот на Куманово и за можните повредени и загинати. Апелирам до властите и до сите политички и лидери на заедниците да соработуваат, да ја вратат смиреноста и целосно да...

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните на Македонија треба заеднички да се справат со овие проблеми

„ВМРО-ДПМНЕ со голема загриженост ја следи безбедносната состојба, особено во Куманово, во населбата Диво Насеље. Навреме се осознаени и нашите органи навреме дејствуваат“, рече Антонио Милошоски на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата упатуваат апел до сите граѓани, без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба, на воздржаност и на смиреност и во дејствувањето и во примањето какви било шпекулации или информација. -...

ОБСЕ: Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација

Мисијата на ОБСЕ во Скопје одблиску ја набљудува безбедносната ситуација во Куманово и бара од сите засегнати да останат смирени. - Веруваме дека безбедноста на локалното население е од суштинско значење. Во постојан контакт сме со сите релевантни власти и бараме сите граѓани и политички партии да останат смирени. Најважен и итен приоритет е да се избегне ескалација, која може...

ДПА: Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци

Демократска партија на Албанците апелираше до сите македонски граѓани да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации и тврди дека Албанците не смеат да станат дел од сценарија на поединци кои не се совпаѓаат со нивните методи на решавање на проблемите. „ДПА внимателно ги следи новите случувања на ситуацијата во Куманово и апелира до граѓаните да останат смирени и...

ДОМ: Граѓаните да не подлегнуваат на манипулации

ДОМ изрази длабока загриженост за настаните во Куманово и им дава недвосмислена поддршка на институциите да си ја извршат својата професионална обврска и да се справат брзо и ефикасно со безбедносните закани. Партијата апелира до сите граѓани да не подлегнуваат на манипулации кои водат до меѓуетничка нетрпеливост и до судири. „Бескрајно жалиме за жртвите на овие насилни дејства. Ова е многу...

Делегацијата на ЕУ повикува на смиреност и на утврдување на фактите

Делегацијата на Европската унија во Скопје, во врска со престрелката утринава во Куманово, повикува на смиреност во јавноста и бара да се почека да бидат утврдени фактите од релевантните власти. „Делегацијата на Европската унија внимателно ги следи извештаите за полициската операција, која е во тек во околината на Куманово, при која имало размена на истрели. Во контакт сме со властите и...

Амбасадата на САД повикува на зачувување на мирот

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје апелира на зачувување на мирот и изрази сочувство за загинатите и за повредените во полициската акција во Куманово. „Длабоко жалиме за загубата на животот на луѓето во полициската акција во Куманово и го изразуваме нашето сочувство до семејствата на полицајците и на цивилите кои се убиени и ранети. Ние ја следиме ситуацијата и сме во...

Заев: Црното сценарио нема да успее, протестите да мируваат

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги повикува граѓаните на смиреност и на присебност, да не подлегнуваат на мрачни сценарија за предизвикување конфликт и дестабилизација на Македонија, рече денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на вонредната прес-конференција по утринската акција на МВР во Куманово. - Го повикувам Никола Груевски веднаш да излезе пред граѓаните на Македонија и да им објасни кој, зошто,...

ДУИ: Граѓаните да останат мирни и да не подлегнуваат на дезинформации

Од Демократската унија за интеграција велат дека со голема загриженост ги следат денешните случувања во Куманово и апелираат до граѓаните за ладнокрвност и да не подлегнуваат на какви било провокации. „Демократската унија за интегрaција смета дека денешните настани во Куманово, но и тие претходните во Гошинце и експлозијата пред седиштето на ДУИ, како и други, се дејства што се во...

СДСМ: Груевски ја потврди автентичноста на снимките

Денеска Никола Груевски уште еднаш ја потврди автентичноста и вистинитоста на аудиодоказите што ги презентира СДСМ во јавноста, реагираат од СДСМ на изјавата на премиерот Груевски во вестите на телевизија „Сител“ . „Тој потврди дека сè што е објавено на досегашните 30 прес-конференции на СДСМ е целосно точно. Призна дека аудиоснимките ниту се од странски служби, ниту, пак, се лепени, ниту сечени,...

Груевски за протестите: Полицијата реагираше професионално

„Целата теза на Заев со која сака да распламти незадоволство меѓу граѓаните е дека властите, МВР, јас лично и другите, сме сакале да го скриеме убиството, сме сакале да не се дознае за убиството, затоа што станува збор за човек кој убил, а бил припадник на МВР. Веднаш штом МВР открило за што станува збор, лицето е приведено, дало...

„Цивил“: 27 лица се сè уште во притвор

„Засега непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда“, се вели во реакцијата на невладината „Цивил“. Според „Цивил“ приведените биле тепани и...

СДСМ: Груевски или навистина загубил контакт со реалноста или глуми

„За сериозно преиспитување е дали Груевски навистина загубил контакт со реалноста кога вината ја гледа во сите, само не во себе, или глуми“, се вели во реакцијата на СДСМ на денешниот говор на премиерот Никола Груевски, по реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот Конгрес во Куманово. „Да не е за осуда ова што го прави Никола Груевски, тој би...

СДСМ: Сите гледаат, само Груевски не може да види дека со него е готово

„Никола Груевски виде колку е часот и затоа се скри од граѓаните и за празник одлучи да го протне својот срамен, принуден реизбор во партијата“, се вели во соопштението на СДСМ, како реакција на денешното обраќање на Груевски пред делегатите и гостите на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржува во Куманово. „Ги призна Груевски доказите од проектот „Вистината за...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...