fbpx

Од Кабинетот на Иванов реагираат: Заев не смее да изнесува информации од Советот за безбедност

-

Од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов, реагираат на, како што велат, изнесувањето информации од страна на Зоран Заев за седницата на Советот за безбедност што се одржа во неделата, јавува „Телма“ .

Во реакцијата се вели дека Зоран Заев, како претседател на политичката партија СДСМ, бил повикан од претседателот Ѓорге Иванов да присуствува на седницата на Советот за безбедност, за да биде информиран за деталите и за преземените дејства во акцијата во Куманово, како и за безбедносната состојба на државата.

„ За г. Зоран Заев е покренато обвинение за случајот „Пуч“. Македонскиот претседател, почитувајќи ја презумцијата на невиност, а водејќи се од државните интереси, одлучи да го повика г. Заев да присуствува на седницата на Советот за безбедност. Зоран Заев, во согласност со деловникот за работа на Советот за безбедност, потпиша изјава која го обврза да не изнесува какви било информации од одржаната седница. Сметаме дека во вакви исклучително чувствителни моменти, неопходно е одговорно однесување од сите“, реагираат од кабинетот на Иванов.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како им се вкрстија патиштата на Македонецот Тодоровски и рускиот агент за пропаганда, Курејев?

Блумберг објавува најнови сознанија, добиени со увид во документи, од кои се гледа дека рускиот разузнавач Артем Курејев водел кампања за руско влијание во Европа, а попатно контактирал и...