fbpx

СДСМ: Груевски или навистина загубил контакт со реалноста или глуми

-

„За сериозно преиспитување е дали Груевски навистина загубил контакт со реалноста кога вината ја гледа во сите, само не во себе, или глуми“, се вели во реакцијата на СДСМ на денешниот говор на премиерот Никола Груевски, по реизборот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ на партискиот Конгрес во Куманово.

„Да не е за осуда ова што го прави Никола Груевски, тој би бил за жалење. Прво, вината за неговите одвратни „дела“, ја посочи во своите сопартијци, како што ги нарече, „заморени“ играчи на кои им дошло време да се одморат.
Потоа, во пораките на меѓународната заедница констатираше „политика на двојни стандарди“. Па, ги убедуваше неговите дека „грешките и пропустите“ им биле „во најмала рака еднакви со грешки и со пропусти на поголем број земји од ЕУ“?!
Па, во говорот, збунувачки, употреби копирани пораки и заложби од политиките на СДСМ. Дури воскреснаа во неговиот речник и термините слобода и демократија, со коишто отиде дотаму, што си ги припиша за одлики на неговиот режимски систем“, стои во реакцијата на најголемата опозициска партија.

Од СДСМ велат дека Груевски ќе замине од политичката сцена во Македонија, но „ќе остане невидениот срам што ѝ го нанесе на земјата“.

„Врв на сè е патосот што го приреди Груевски во неговата кумановска драмолетка, самосожалувајќи се дека најубавите години му поминале во четирите ѕида во Владата, од тие ѕидови од коишто освојувал парцели и се богател, како и дека бил неправедно омразен од многумина со нереализирани лични амбиции“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...