Наместо за спорт, градската спортска сала во Тетово се користи за бизнис

-

Градската спортска сала во Тетово, изградена пред триесетина години, сè уште не е пуштена во употреба. Овој спортски објект со капацитет од околу 5.000 седишта е единствен во градот што ги исполнува стандардите за меѓународни и за натпревари во прва лига. Но, наместо за спорт, салата, каде се сместени повеќе фирми за производствени и за услужни дејности, се користи за бизнис.

Спортските работници апелираат објектот што поскоро да се пушти во употреба, во спротивно голем број тетовски клубови ќе исчезнат од спортската мапа.

– Голем број клубови тренираат во лоши услови или, пак, во спортските сали кои ги изгради Владата, каде ретко може да се добијат слободни термини. Ако се стави во функција градската спортска сала, клубовите би имале одлични можности за професионално да се занимаваат со спорт, зашто поради големиот капацитет на салата, слободните термини за одржување на тренинзите не би претставувале проблем – изјави Драшко Хаџи-Илоски – Чајка, тренер на одбојкарскиот клуб „Љуботен“.

Со градската спортска сала стопанисува приватниот концесионер „Билтинтерна“. Оттаму тврдат дека спортската сала не е пуштена во употреба затоа што не можат да обезбедат пари за целосно опремување на внатрешниот дел од салата, каде би се одржувале натпреварите и тренинзите.

Од Општина Тетово велат дека градската спортска сала е издадена под концесија на приватната фирма уште во 2001 година, која, според договорот, има право да управува со салата до 2034 година. Моментално се преговора да се укине концесијата и салата да се отстапи на локалната самоуправа, велат од секторот за јавни дејности при Општина Тетово.

Годинава Општина Тетово го доби под владение градскиот стадион, со кој, исто така, стопанисуваше приватниот концесионер што сега управува со градската спортска сала. Според најавите на локалната самоуправа, стадионот во Тетово, каде моментално се изведуваат градежни активности, за 18 месеци ќе добие нов лик.

З.Д.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...