„Цивил“: 27 лица се сè уште во притвор

-

„Засега непознат број граѓанки и граѓани беа тепани, малтретирани и навредувани, а дел од нив и приведувани без никаква основа и објаснување. Според информациите, сѐ уште се во полициски притвор 10 лица во полициската станица Пролет, а 17, вклучувајќи три жени, се во полициската станица во Автокоманда“, се вели во реакцијата на невладината „Цивил“.

Според „Цивил“ приведените биле тепани и малтретирани при приведувањето, задржани во полициски притвор цела ноќ, а на некои од нив им се закануваат со кривично гонење, без никаква основа.

„Според извештаите од теренот, сите приведени биле тепани откако биле совладани, не пружале никаков отпор, биле легнати на земја и имале лисици на нив. Тоа е крајно брутално однесување и кршење на човековите права по сите основи. Нападот на библиотеката „Браќа Миладиновци“, тепањето и малтретирањето на студентите кои таму учеле, било спроведено на крајно незаконски начин“, велат од „Цивил“.

Од „Цивил“ ги повикуваат сите припадници на полицијата да не следат команди кои се противзаконски.

„Имаат право да не почитуваат наредба која е спротивна на Уставот и на законите на Република Македонија. Ги повикуваме сите граѓанки и граѓани на воздржување од насилство. Сите повредени, демонстранти и полицајци, се непотребни жртви на погрешните политики на власта. Бараме итно ослободување на сите бесправно приведени граѓанки и граѓани. Бараме одговорност за синоќешната бруталност на полицијата“, се вели во соопштението од „Цивил“.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...