fbpx
Таг: реакција

таг: реакција

НВО: Најавите на Груевски за попис на населението се несериозни

Повеќе од 40 невладини организации и иницијативи, денеска преку писмено соопштение реагираат на најавите на премиерот Никола Груевски за спроведување електронски попис на населението. Невладините, најавата на премиерот ја оценуваат како „несериозна“ и како „уште една манипулација и намерно дефокусирање на граѓаните“. „Како граѓански организации и активисти што се залагаат и лобираат за спроведување регуларен попис, сметаме дека оваа најава на Груевски...

Царовска: Власта да ги обесштети граѓаните

Под притисок на изборите или од страв, власта на Груевски ги повлече неуставните закони за хонорарците. Упорноста и истрајноста на граѓаните е за почит и покажува дека само така се менуваат работите, реагираат од СДСМ на укинувањето на законот за хонорарци. - Заедно со граѓаните, во изминатите седум месеци укажувавме на нелогичноста на овие законски измени и вчерашниот потег на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ја узурпира Општина Центар

„ВМРО-ДПМНЕ најостро ја осудува агресијата која токму СДСМ ја прави врз Општина Центар и бескрупулозното узурпирање на општинската власт. СДСМ ја киднапира Општина Центар и ја користи само за свои партиски и политички цели. Добро е што застанаа зад Андреј Жерновски, за јавноста да види дека ова беззаконие и расипништво кое се практикува во Центар е заедничко на СДСМ и на...

ВМРО-ДПМНЕ: Од соопштението на СДСМ се гледа дека Заев е исплашен

Соопштението на СДСМ е само признание дека Зоран Заев планира да се избере обвинител кој треба однапред да му гарантира позитивна разврска на судскиот процес за случајот „Пуч“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа сооопштение само ги потврди сомневањата на медиумите дека Зоран Заев целокупните преговори ги водеше за да обезбеди сопствено спасување од криминалите во кои е до гуша заглавен. Заев...

СДСМ: Груевски призна страв од специјалниот јавен обвинител

Никола Груевски денеска јасно призна дека случајот „Пуч“ е политички монтиран и призна страв од новиот специјален јавен обвинител, реагираат од СДСМ. „Од СДСМ велат дека партиското гласило на Груевски, „Курир“, тврди дека „На Заев му е потребен специјален јавен обвинител да го ослободи од Пуч“. Тоа значи дека Груевски знае дека не постои дело „Пуч“, штом на уште неизбран, неименуван...

ВМРО-ДПМНЕ: Кога беше на власт СДСМ, остави пустош зад себе

„Фактите, бројките, статистиката, податоците, извештаите на меѓународните институции ја говорат вистината, а таа е дека во време на СДСМ македонската економија и стандардот на граѓаните одат надолу, а во време на ВМРО-ДПМНЕ македонската економија и стандардот на граѓаните одат во нагорна линија“, стои во реакцијата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ околу измените на Законот за прекршоци. „На...

СДСМ: Прво ги исцедија фирмите и граѓаните, па сега ги ублажуваат казните

Опозицискиот СДСМ реагира на измените на Законот за прекршоци и вели дека е „добро што уплашената власт на Никола Груевски конечно ќе ги намали глобите, ќе воведе мерка опомена и скалест пристап во казнената политика“. Од партијата посочуваат дека „погрешните и репресивни политики на Груевски ја донесоа најголемата сиромаштија од независноста на Македонија“. - Со години укажуваме дека неразумните политики на власта на...

СДСМ: Пропагандата продолжува со одвратни педофилски статуси

Злоупотребувањето на фотографија на 14-годишно девојче е одвратен потег што ги надминува границите за нормалност, реагираат од СДСМ на објавувањето на фотографијата на ќерката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на порталот „Курир“. Во соопштението на партијата се вели дека тоа како да не било доволно, па денеска пропагандата со згрозувачки педофилски статуси ја продолжил Миленко Неделковски, водител на телевизијата „Канал...

ЗНМ: Нападите врз новинарите се оркестрирани, а институциите им кумуваат

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) во изминатите четири години регистрирало повеќе од 20 закани и физички напади против новинари и медиумски работници, од кои половина се случиле во првите шест месеци од оваа година, а за ниеден од нив насилниците ниту се откриени ниту, пак, се казнети. Ова денеска на прес-конференција го соопшти Насер Селмани, претседателот на ЗНМ. - Сакаме да...

ДУИ: Тачи само сака да собере политички поени

ДУИ реагираше на обвинувањата од лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Од ДУИ сметаат дека изјавите на Тачи се за тој да стекне политички поени. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, вели дека за неговата партија е важно албанските теми да бидат дел од агендата на процесите кои имаат печат на меѓународните партнери и за тоа ДУИ прави постојани напори. Според Османи, кој...

СДСМ: Сите насилници ќе сносат одговорност

„Сите институции се во рацете на Никола Груевски. По девет години, уште ли мисли Груевски дека може да се вози на приказната дека некој друг е виновен за состојбите во државата? Мора веднаш да се отворат истраги за сериозните насилни инциденти врз новинари, граѓани - критичари на власта, приврзаници на опозицијата“, реагираат од СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ намерно предизвикува насилство

„СДСМ не реагираше кога неколку новинари и медиуми беа нападнати од нивни или, пак, од активисти на нивни коалициони партнери. За разлика од нив, ВМРО-ДПМНЕ принципиелно и одговорно ги осуди и ги осудува сите напади и еднакво се однесува кон сите“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. „Повторуваме дека раководството на СДСМ сноси...

СДСМ: Со ребалансот, продолжува економското исцрпување на граѓаните и на фирмите

СДСМ смета дека понудениот ребаланс на буџетот е само уште еден чекор во проектот на кумашинската двојка „Немаме за леб, а трошиме за чоколади“. Според опозициската партија, со ребалансот продолжува економското исцрпување на граѓаните и на стопанствениците. „Како и сите претходни години, Ставрески, според своите лични признанија, што ги слушна целата јавност преку проектот „Вистината за Македонија“, вештачки ги дува...

ВМРО-ДПМНЕ: Саше Ивановски е само алатка на други лица

Срамна е реакцијата на ЗНМ по денешната снимка со која се виде дека Саше Ивановски е само алатка на други лица, кои му даваат насоки и го стимулираат од себе да прави тоа што го прави, велат од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. „За осуда е тоа што СДСМ, Сорос и пооделни новинари злоупотребуваат човек кој очигледно не е свесен во какви...

Пешевски на „Фејсбук“: Жалам за денешниот тек на настаните

„Мојата денешна постапка беше водена од одбранбениот инстинкт, емоциите и од крајно негативното искуство со лицето Саше Ивановски. И покрај тоа што целата ситуација беше испровоцирана, сепак мојата реакција беше пресилна“, стои во реакцијата на вицепремиерот Владимир Пешевски, објавена на неговиот фејсбук-профил, за денешениот инцидент со сопственикот на порталот „Мактел“. „Во врска со денешниот настан би сакал да дадам свое...

„Новинарски пленум“ го осуди нападот врз Саше Политико и најави протести за утре

„Новинарски пленум“ за утре во 11 часот најавува протест пред Владата, во знак на револт поради денешниот физички напад на сопственикот на порталот „Мактел“, Саше Ивановски, од вицепремиерот Владимир Пешевски, кој од пленумот го оценуваат како „континуитет на владината стратегија за пресметка со неистомислениците“. „Вицепремиерот Пешевски, како носител на јавна функција, мора да е свесен дека неговата работа подразбира отчетност...

СДСМ: „Вистината за Македонија“ го разобличи Груевски

„Проектот „Вистината за Македонија“ го разобличи вистинското лице на Никола Груевски и на неговите соработници. Тие точно знаат што правеле и тоа е нивната најголема болка“, пишува во реакцијата на СДСМ на соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Груевски најавува дека ќе се повлече, па се премислува дека нема да се повлече, затоа е колеблив во министерствата што ги дава, па не ги...

АПМ: Лидерите што имаат привилегија да преговараат, да најдат компромис

Алијансата за позитивна Македонија ги повика лидерите на двете партии што ја имаат „привилегијата“ да преговараат и да одлучуваат за судбината на Македонија и на нејзините граѓани, да најдат компромис во решавањето на досега најголемата политичка криза во историјата на Република Македонија. „Со ваквиот начин на одоговлекување на решението на кризата, граѓаните на Македонија се држат во еден вид заложништво на...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев знае дека на следните избори ќе загуби и затоа бега од нив

Со денешната прес-конференција се докажаа нашите сомневања дека Зоран Заев и СДСМ не сакаат избори, се плашат од нив и бегаат, особено поради денеска објавената анкета на американскиот Интернационален републикански институт, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на лидерот на СДСМ. „Зоран Заев знае дека следните избори ќе ги загуби и затоа бега од нив. Денеска се докажа дека...

Реакција на Канцеларијата на ЕУ: Остануваме подготвени да помогнеме

„Запознаени сме со пораките од прес-конференцијата на лидерот на опозицијта, Зоран Заев, и остануваме подготвени да помогнеме“, се вели во првичната реакција на Канцеларијата на Европската унија во Скопје на прес-конференцијата на Заев. На денешната прес-конференција, Заев изјави дека преговорите се неуспешни и дека Груевски не го почитувал договорот од 2 јуни. Лидерот на СДСМ најави дека ќе продолжат со...

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...