fbpx

АПМ: Лидерите што имаат привилегија да преговараат, да најдат компромис

-

Алијансата за позитивна Македонија ги повика лидерите на двете партии што ја имаат „привилегијата“ да преговараат и да одлучуваат за судбината на Македонија и на нејзините граѓани, да најдат компромис во решавањето на досега најголемата политичка криза во историјата на Република Македонија.

„Со ваквиот начин на одоговлекување на решението на кризата, граѓаните на Македонија се држат во еден вид заложништво на патот кон евроатланските интеграции и сериозно се загрозува кандидатскиот статус, како и препораката за почнување на преговорите за членство во ЕУ. Извештајот на ЕУ од минатиот месец, извештајот на Стејт департаментот на САД, како и другите извештаи на релевантните меѓународни институции кажуваат дека Република Македонија сериозно се оддалечила од Копенхашките критериуми. Двете партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, кои, според најновата анкета на ИРИ, заедно не ја уживаат поддршката ниту на 35 проценти од граѓаните на Македонија, но ја имаат „привилегијата“ да одлучуваат за сите граѓани поради недемократскиот изборен модел, немаат никакво право да си играат со стекнатите вредности на Република Македонија кон евроатланските интеграции, само поради заштита на теснопартиските или личните интереси на поединци“, пишува во реакцијата на АПМ .

АПМ апелира до ЕУ и до САД поинтензивно да се заложат за решавањето на политичката и на уставната криза во Македонија која веќе предолго трае, а жртви се сите граѓани на Република Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...