fbpx

СДСМ: Пропагандата продолжува со одвратни педофилски статуси

-

Злоупотребувањето на фотографија на 14-годишно девојче е одвратен потег што ги надминува границите за нормалност, реагираат од СДСМ на објавувањето на фотографијата на ќерката на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на порталот „Курир“.

Во соопштението на партијата се вели дека тоа како да не било доволно, па денеска пропагандата со згрозувачки педофилски статуси ја продолжил Миленко Неделковски, водител на телевизијата „Канал 5“.

– Тоа што го направи Груевски синоќа, преку провладиниот портал „Курир“, со злоупотреба на фотографија на 14-годишната малолетна ќерка на претседателот Зоран Заев, само за да се оправда по медиумските информации за неговите скапи очила и летувањето во Тел Авив, е одвратен потег што ги надминува границите на нормалност. Како тоа да не беше доволно, па денеска пропагандата продолжува со згрозувачки педофилски статуси на водителот во телевизија „Канал 5“, Миленко Неделковски, кај кој Никола Груевски е чест гостин – пишува  во реакцијата на СДСМ.

Оттаму истакнуваат дека семејството на Заев било постојана мета на медиумската пропаганда на, како што велат од СДСМ, „фрустрираниот премиер Никола Груевски“ и ако имало институции во Македонија, досега тој и неговите извршители ќе одговарале.

Оваа ситуација само се надворзува на низата навреди што двата табори си ги упатуваат изминатава недела, откако на 15 јули го потпишаа Договорот од Пржино, кој треба да овозможи надминување на политичката криза во земјава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...