fbpx

Царовска: Власта да ги обесштети граѓаните

-

Под притисок на изборите или од страв, власта на Груевски ги повлече неуставните закони за хонорарците. Упорноста и истрајноста на граѓаните е за почит и покажува дека само така се менуваат работите, реагираат од СДСМ на укинувањето на законот за хонорарци.

– Заедно со граѓаните, во изминатите седум месеци укажувавме на нелогичноста на овие законски измени и вчерашниот потег на Владата го потврди тоа. Не го прифаќаме оправдувањето на Ставрески за повлекувањето на законските решенија, но се согласуваме со Ставрески дека навистина „се исцрпени ефектите“ од нелогичноста на законите – вели Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјала на СДСМ.

Таа вели дека по признанието на Владата на Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, бараат власта да ги обесштети сите граѓани што досега уредно си ги плаќаа наметнатите придонеси за хонорари.

– Го повикуваме Уставниот суд конечно да се произнесе дека овие законски измени беа противуставни. Сите граѓани кои имаат потреба од правна помош за остварување на нивните права, слободно можат да ни се обратат. Ова нека биде поука дека во сите процеси на носење нови законски решенија, мора да се вклучат граѓаните кои се засегнати, уште во подготовката, затоа што само таквите закони може да обезбедат правна сигурност – вели Царовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...