fbpx
Таг: протести

таг: протести

Отежнато враќањето на бегалците од Грција во Турција

Бегалскиот бран кон Грција продолжува со исто темпо како и пред договорот на Европска Унија и на Турција. Иако Грција вчера испрати 202 бегалци кон Турција, до утринава во државата стигнаа нови 225 бегалци. Низ целата територија на државата, според официјалните бројки, има 52.352 бегалци. Процесот на враќање на бегалците се одвива отежнато. По вчерашното испраќање на група бегалци од...

Трета ноќ протести во Париз против реформите на пазарот на труд

Стотици демонстранти ноќеска простираа на Плоштадот на Републиката во Париз против реформите на пазарот на труд, што француските власти сакаат да ги спроведат, јавуваат светските агенции. Толпата, која трета ноќ по ред протестира во центарот на Париз, си заминала утрово по интервенцијата на полицијата. На синдикатите и студентските организации, кои во четвртокот, оваа недела, стапија во генерален штрајк поради...

Ако за три дена не го ослободат Бошкоски, ОМ ќе ги радикализира протестите

Доколу најдоцна за три дена претседателот на Обединети за Македонија (ОМ) и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски не биде ослободен од затвор, партијата ќе ги радикализира протестите, најави денеска на прес-конференција генералниот секретар на ОМ, Раде Милососки. Тој изјави дека трпението на членството и поддржувачите на партијата е при крај и доколку директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски...

Протести на десничарите во Брисел

Група екстремни десничари денеска се собра на главниот плоштад во Брисел, каде граѓаните им оддаваат почит на жртвите на терористичкиот напад во белгиската престолнина. На бриселскиот плоштад дошле и мажи во црна облека и качунки, кои извикувале слогани и носеле транспаренти против Исламска држава. Како што јавува „Би-би-си“, на плоштадот се присутни и полициските сили за сузбивање демонстрации, кои со водени...

Инциденти и демонстрации против бегалскиот камп кај Вериа

Расчистувањето на кампот кај Идомени се одвива бавно. Во текот на вчерашниот ден осум автобуси од Идомени пренесоа неколку стотина бегалци во бегалските центри во Верија и Катерини, но во кампот се уште остануваат речиси 12.000 луѓе. Околу 200-300 бегалците кои беа пренесени во Верија ги дочека гневен протест од жителите во Верија и околните села. Првиот автобус кој замина...

ГРОМ: Граѓаните ја одбранија државата

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните успеале да ја одбранат државата. Според него, се видело дека во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие што работат во нив. „Секогаш кога ќе биде доведен во прашање суверенитетот и професионалноста на...

Уставниот суд одлучува дали ќе има помилување за изборни измами

Уставниот суд на Македонија на седницата која почна денеска точно во 9 часот решава дали на претседателот на државата ќе му го врати правото да помилува лица осудени за изборни измами или, пак, ќе остане на сила актуелното решение, со кое тоа му е оневозможено, според измените на Законот за помилување од 2009 година. Поради оваа иницијатива во текот на вчерашниот...

Протестите ја затворија седницата на Уставниот суд за помилување на изборниот криминал

Седницата на Уставниот суд што треба да се одржи утре и на која судиите треба да расправаат за враќање на правото на претседателот да помилува лица осудени за изборен криминал е затворена за јавноста. Оваа информација пред малку беше објавена на интернет-страницата на судот, иако според членот 83 од Деловникот на судот, седниците се јавни. Неофицијално, од извори во Уставниот суд, дознаваме...

ЕУ: Политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно

Европската Унија очекува од политичките лидери на Косово да се однесуваат одговорно и да работат на намалување на тензиите, а не на нивно продлабочување, реагираат од Брисел на вчерашните настани во Приштина. Од Брисел посочуваат дека насилство во кој било облик и од која било страна е неприфатливо, а реториката само ја продлабочува поделбата и го отежнува дијалогот. - Собранието на...

Молотови коктели, камења, солзавец: Инциденти на протестот во Атина

Протестот во Атина ескалира со насилни инциденти и со судири меѓу полицијата и демонстрантите на неколку точки низ центарот на градот. Групи маскирани демонстранти почнаа да фрлаат камења и молотови коктели кон припадниците на специјалните полициски сили, чие присуство е огромно на денешниот масовен протест против законот за намалување на пензиите и на здравствените бенефиции. Судирите ескалираа на централниот плоштад Синтагма пред...

Нови масовни протести во Грција против намалувањето на пензиите

Цела Грција денеска ќе биде на улица во знак на протест против новиот закон за намалување на пензиското и на здравственото осигурување. Улицитe на Атина и на Солун ќе се исполнат со штрајкувачи од државниот и од приватниот сектор. На протести повикаа главните работнички синдикати, ГСЕЕ и АДЕДИ, а свој посебен протест ќе одржи и комунистичкиот синдикат ПАМЕ. Граѓаните бараат владата...

Опозицијата сè погласно зборува за бојкот, радикализација и за протести

Дали во наредниот период нè очекува радикализирање на отпорот и нов 17 мај ако владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, остане на ставот предвремените парламентарни избори да се одржат на 24 април? Ако се суди според изјавите на некои политичари, како Лилјана Поповска и Стево Пендаровски, но и по најавата на  75. невладини и граѓански организации - да! Претставниците на граѓанскиот сектор му пишаа на еврокомесарот Јоханес...

Солун под опсада на грчките земјоделци

Грчките земјоделци денеска ќе го „окупираат“ Солун. Протестите од блокадите на патиштата ќе се преселат во центарот на Солун, каде вечерва се отвора големиот саем за земјоделство „Агротика“, на кој ќе говори грчкиот министер за земјоделство. Земјоделците на овој начин ќе го демонстрираат гневнот и незадволството од владините одлуки да не се отстапува од спроведување на договорот за пензиско...

Грчките земјоделци денеска од 11 до 13 часот ќе ги блокираат премините Богородица и Дојран

Грчките земјоделци денеска повторно ќе ги блокираат граничните премини Богородица и Дојран. Блокадата ќе биде поставена од 12 до 14 часот по локално време, односно од 11 до 13 часот по македонско време. Покрај македонската, земјоделците ги блокираат и граничните премини од Грција кон Албанија и кон Бугарија. Најлоша засега е ситуацијата кај преминот Промахонас кон Бугарија, каде грчките земјоделци...

Грчките земјоделци ќе ги засилат протестите, можна е блокада и на границите

Грчките земјоделци одлучија да ги засилат протестите. На денешниот состанок на земјоделците од цела Грција, беше договорено секојдневно да се блокираат патиштата низ земјата од 12 до 14 часот и од 19 до 21 часот по локално време. За време на протестите, ќе бидат блокирани од 30 до 50 точки низ целата земја. Во информациите за блокадите не се споменува конкретно...

Опозицијата во Црна Гора повторно ќе организира протести

Претседателството на Демократскиот фронт одлучи дека опозициските партии во Црна Гора повторно ќе организираат протести на 24 и на 25 јануари. Тие ја бојкотираат работата на парламентот во кој на 25 јануари ќе се гласа доверба во Владата на премиерот Мило Ѓукановиќ. Демократскиот фронт досега организираше повеќе демонстрации, на кои се бараше оставка на актуелната влада и формирање преодна влада која ќе...

Илјадници Полјаци излегоа на протести против владината контрола на јавните медиуми

Десетици илјади Полјаци вчера излегле на улиците во повеќе градови во земјата на протести против одлуката на конзервативната влада да ги стави под своја контрола јавните медиуми. Најголемиот протест, пренесува ХРТ, бил одржан во Варшава пред седиштето на јавната телевизија. Во центарот на градот протестирале околу 20.000 луѓе, кои мавтале со полски и со знамиња на Европската унија, извикувајќи „Слободни...

Полицијата се судри со демонстрантите во Атина

На улиците на Атина денеска избија судири меѓу полицијата и демонстрантите кои се противат на реформите во системот за социјално осигурување. Засега нема извештаи за повредени. Пред грчкиот парламент се собраа околу 2.000 лица, кои се обидоа да го пробијат кордонот и да тргнат кон зградата на владата. Реформите на системот за социјално осигурување се дел од програмата што грчката влада ја прифати...

Екологисти: Само „Викторија сикрет“ може да го покрие срамот на битолскиот „татко на модата“

„Tатко на модата“ е новиот прекар што на битолскиот градоначалник, Владимир Талески, му го дадоа екологистите од здружението „За нас се работи“ откако тој за Нова година изјави дека протестите против загадениот воздух во Битола биле „мода“. - Човекот е гол. Ние го забележавме тоа и само рековме - царот е гол. Сега само „Викторија сикрет“ може да му го покрие срамот...

Талески: Протестите против загадениот воздух се во мода

Владимир Талески, градоначалникот на Битола, денеска изјави дека и пред да почне да се протестира против загадениот воздух, Oпштина Битола преземала мерки за намалување на загадувањето на воздухот, објави „Радио Слободна Европа“.  - И кога е модерно да се протестира дека воздухот е загаден или колку е загаден, сакам да потсетам дека Општина Битола правеше проекти и пред оваа мода...

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...