fbpx

Талески: Протестите против загадениот воздух се во мода

-

Владимир Талески, градоначалникот на Битола, денеска изјави дека и пред да почне да се протестира против загадениот воздух, Oпштина Битола преземала мерки за намалување на загадувањето на воздухот, објави „Радио Слободна Европа“. 

– И кога е модерно да се протестира дека воздухот е загаден или колку е загаден, сакам да потсетам дека Општина Битола правеше проекти и пред оваа мода да стапи на сила. Бевме меѓу првите општини што направија кружни текови, ги тргнаа семафорите од улиците, меѓу првите општини донесовме план за екологија, а топловодот што се планира е вистинско решение за справување со аерозагадувањето – рече Талески.

Од здружението „За нас се работи“ формираа платформа „Петка за Битола“ со која бараат итно да се преземат мерки за намалување на загадувањето, да се воведе посебен режим на сообраќај во центарот на градот, да се прскаат улиците, да се набави јавен еколошки превоз, субвенции за електрична енергија, топлификација за институциите и слично.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...