ГРОМ: Граѓаните ја одбранија државата

-

Лидерот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција рече дека граѓаните успеале да ја одбранат државата. Според него, се видело дека во клучните моменти, како што државните институции ги штитат граѓаните, така граѓаните знаат кога треба јасно и недвосмислено да ги заштитат институциите и тие што работат во нив.

„Секогаш кога ќе биде доведен во прашање суверенитетот и професионалноста на македонските институции, одговорот ќе биде жесток, а ГРОМ секогаш ќе биде предводникот – рече Јакимовски, заблагодарувајќи им се на граѓаните што со мирниот собир дале поддршка на институциите на државата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јакимовски рече дека ниту имале намера да предизвикаат каков било инцидент или конфликт со повикот до граѓаните да излезат на мирен собир за одбрана на Уставниот суд, ниту истиот бил поддржан со организирање партиски активисти на ВМРО- ДПМНЕ.

– Ние излеговме токму во одбрана на Уставниот суд, бидејќи активисти кои протестираа пред тој Уставен суд им се закануваа на судиите со физичка пресметка. На собирот, секако, имаше партиски симпатизери на ГРОМ, но, исто така, имаше и многу граѓани од друга или без партиска припадност, од различни етнички заедници, кои заедно и сплотено дојдоа да си ги одбранат своите институции. Ние не шириме никаков партиски триумфализам, туку, напротив, сметаме дека нашата, пред сè, граѓанска должност, ја извршивме достојно, бранејќи ги институциите на државата, на кои перманентно некој им се закануваше – рече Јакимовски.

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во земјата и...

Еко-свест: Климатската криза може да се ублажи само со заедничка акција

Глобалните кризи како економската, безбедносната и климатска, кои може да го загрозат развојот на општеството, претставуваат сериозен предизвик за сите држави и заедници. Единствен начин на кој овие кризи може да...

УКИМ одбележа 76 години од основањето со награди за најдобрите студенти

Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, најстарата високообразовна институција во земјава, денес со доделување награди на најуспешните студенти го одбележа патрониот празник - Денот на Светите Кирил и Методиј. На свеченоста се...

Кривична пријава против поранешен директор на јавно претпријатие од Струмица за злоупотреба на службена положба и овластување

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член...

Харвард ја тужи администрацијата на Трамп поради забраната за упис на меѓународни студенти

Универзитетот Харвард ја тужи администрацијата на Трамп помалку од 24 часа откако Министерството за внатрешна безбедност соопшти дека ќе ги спречи меѓународните студенти да студираат на најстариот универзитет во...