fbpx

Илјадници Полјаци излегоа на протести против владината контрола на јавните медиуми

-

Десетици илјади Полјаци вчера излегле на улиците во повеќе градови во земјата на протести против одлуката на конзервативната влада да ги стави под своја контрола јавните медиуми.

Најголемиот протест, пренесува ХРТ, бил одржан во Варшава пред седиштето на јавната телевизија. Во центарот на градот протестирале околу 20.000 луѓе, кои мавтале со полски и со знамиња на Европската унија, извикувајќи „Слободни медиуми, слободна Полска“, „Демократски медиуми“, „Во Варшава сме, не во Будимпешта“, „Не на цензурата“, „Слободните медиуми се глас на народот, не на владата“, „Владата лаже“ и други антивладини пораки.

Во текот на вчерашниот ден, протести биле одржни во дваесетина градови во Послка, меѓу кои и во Гдањск, Краков, Вроцлав и во Познањ, главно пред седиштата на регионалните редакции на јавната телевизија ТВП.

Полскиот претседател, Анджеј Дуда, во четвртокот оваа недела, го потпиша контроверзниот закон за јавни медиуми и покрај предупредувањата од Европската унија. Со законот јавната телевизија и радиото се ставаат под контрола на владата.

Полската влада предходно го стави под своја контрола и Уставниот суд.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...