fbpx

Нови масовни протести во Грција против намалувањето на пензиите

-

Цела Грција денеска ќе биде на улица во знак на протест против новиот закон за намалување на пензиското и на здравственото осигурување. Улицитe на Атина и на Солун ќе се исполнат со штрајкувачи од државниот и од приватниот сектор. На протести повикаа главните работнички синдикати, ГСЕЕ и АДЕДИ, а свој посебен протест ќе одржи и комунистичкиот синдикат ПАМЕ.

Граѓаните бараат владата да се откаже од идејата за спроведување на мерката за намалување на пензиите и за укинување на здравствените бенефиции, мерка која е договорена во новиот меморандум со европските партнери и за која претставниците на кредиторите притискаат значително, особено околу делот за намалување на пензиските придонеси.

Речиси цела држава ќе биде под клуч, од бензинските станици, болниците, пазарите, па сè до јавниот транспорт. На улица ќе бидат државните службеници, докторите, фармацевтите, адвокатите, нотарите, инженерите, земјоделците, вработените во компанијата за електродистрибуција и во јавната компанија за комуналии, камионџиите, такси-возачите. На протестот ќе му се приклучат и вработените во јавниот и во железничкиот транспорт, поради што Атина и Солун ќе останат без јавен превоз, а откажани се и сите железнички линии во текот на денот. Покрај тоа што нема да има јавен транспорт, граѓаните нема да може да користат ни такси поради протестот на таксистите. Во државата нема да се движат ни бродовите поради 48-часовниот штрајк на поморските служби, а откажани се и голем број домашни летови поради штрајкот на контролорите на летови. Затворени ќе бидат бензинските пумпи, но и пазарите чии продавачи се приклучуваат на протестот на земјоделците.

Дел од земјоделците заминуваат на протестите во Солун и во Атина, но дел од нив ќе останат на блокадите на патиштата, кои сепак ќе бидат отворени во текот на денот за граѓаните да може полесно да стигнат на атинскиот протест. Нема најава дали ќе има кревање на блокадите на границите. Напротив, земјоделците се закануваат дека по денешниот протест можно е да се засилат блокадите и во сабота патиштата да бидат блокирани 24 часа.

Во Солун протестите ќе почнат од 10.30 часот по локално време и ќе бидат распоредени на Цимиски и на Егнатиа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...