fbpx
Таг: протести

таг: протести

Провокатори меѓу демонстрантите кај Порта „Македонија“, протестот продолжува пред Влада

Демонстрантите собрани пред Собранието, тргнаа кон Порта „Македонија“ каде што дел почнаа да фрлаат боја и јајца. Неколку граѓани се издвоија од толпата и почнаа со спреј да пишуваат на Портата. Едно лице, кое според демонстрантите е провокатор, почна да ги удира тие што пишуваа, навлекувајќи го гневот на толпата на себе, но дел од редарите успеаја да го издвојат и да го тргнат настрана. Граѓани,...

Со развиорени знамиња на кои пишува „Непокор“, почна протестот на граѓаните

Граѓани, организирани од граѓанското движење „Протестирам“, денеска повторно се собраа пред објектот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) да изразат поддршка за работата на оваа институција. Граѓаните вееја знамиња на кои пишува „Непокор“ и извикуваа „Нема да ве аболираме“, „Нема да ви простиме“, „Затвор за фашистите“ и „Поддршка за СЈО“. Демонстрантите од СЈО се упатија кон Собранието на РМ, каде има неколку...

Битолскиот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ го остави Талески сам

„Сам против сите“, ова беше еден од најчестите коментари на синоќешниот протест во Битола од страна на битолчани, кои втор ден бараат оставка од аболираниот за криминал градоначалник Владимир Талески. Граѓаните се чудат што во Битола нема контрапротести во одбрана на Талески ниту, пак, за претседателот Иванов. Талески два дена по ред сам излегува на прес-конференции во неговиот кабинет да се...

Граѓаните денеска повторно ќе протестираат

Граѓанското движење „Протестирам“ денеска по петти пат ќе организираат протести, кои ќе почнат пред Специјалното јавно обвинителство во 18 часот. Тие повикуваат на масовен протест и бараат оставка на претседателот Ѓорге Иванов поради, како што велат, срамниот обид да ја попречи правдата и да ги аболира криминалците. Од „Протестирам“ бараат и почнување на процес за избор на експертска влада, која ќе...

Демонстрантите спречени да се приближат до Владата кај Камениот мост

По половина час поддршка за Специјалното јавно обвинителство, стотиците граѓани тргнаа накај Собранието. Но, демонстрантите не можат да стигнат дотаму, бидејќи приодот е блокиран со голем полициски кордон. Тоа предизвика огромна нервоза и негодување кај луѓето што протестираат. Оттаму, демонстрантите се упатија кон Владата преку Камениот мост, но пред новиот објект на Македонски народен театар се спречени од кордон полиција. Граѓаните на протестот,...

Заев најави интензивирање на протестите

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на прес-конференција уште еднаш порача дека избори на 5 јуни нема да се одржат бидејќи, како што посочи, услови за фер, слободни и регуларни избори нема. - Во земјата е извршен државен удар, урнат е Уставот, погазени се законите, Договорот од Пржино е погребан, а техничката влада ја укинаа со поништување на сите одлуки на министрите...

Куќен притвор за две лица поради демолирањето на канцеларијата на Иванов

Единицата за насилен криминал на скопската полиција поднела кривична пријава против две лица, осомничени дека учестувале во демолирањето на народната канцеларија на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за време на протестот што се одржа во средата против одлуката на претседателот да аболира 56 лица против кои се водат кривични постапки поврзани со незаконското прислушување. Како што соопшти МВР, станува збор...

Центарот на Скопје и денеска затворен за сообраќај

Сообраќајот во центарот на Скопје од 13 часот денеска е затворен превентивно поради најавените протести за вечерва. Како што соопшти Автомото-сојузот на Македонија, не се пропуштаат возила од крстосницата помеѓу улиците 11 Октомври и Кочо Рацин, сè до крстосницата на улиците Васил Главинов и Даме Груев. Сообраќајната полиција го пренасочува сообраќајот по околните улици. Сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје беше блокиран и вчера попладне.

ГДОМ: Нема да дозволиме странски сили да ни ја диктираат судбината

Неколку илјади граѓани организирани од граѓанското здружение ГДОМ вечерва се собраа во непосредна близина на седиштето на СДСМ за да го изразат, како што велат, незадоволството од политиките на СДСМ. Со извици „Никој ништо не ти може Никола“ и „ВМРО“, тие мирно протестираа. Пред нив се обратија повеќе членови на ГДОМ, меѓу кои Братислав Димитров и Александар Пандов. Во своето обраќање,...

Тензично кај ТЦЦ „Плаза“, демонстрантите ја пробија оградата и фрлаат запалени факли

Тензично е пред ТЦЦ „Плаза“ откако дојде до близок судир меѓу демонстрантите и полицијата. Тие успеаја да ја тргнат оградата пред полицискиот кордон. Демонстрантите почнаа да фрлаат запалени факли, шишиња и камења кон полицискиот кордон. Тие извикувајќи „Нема првада, нема мир“, од Собранието, од каде почна протестот, тргнаа кон полициската станица „Беко“, каде се наоѓаат демонстрантите што беа приведени синоќа. Полицискиот кордон од пред...

Граѓанските организации пред Собранието побараа негово свикување и одложување на изборите

Прочистување на избирачкиот список, државата да се одвои од партиите, слободни медиуми, обвинение за секој криминал, побараа 82 невладини организации на денешниот протест пред Собранието. - Бараме свикување на Собранието, одложување на изборите од 5 јуни на неопределено време, ангажирање на техничка влада што ќе спроведе реформи за да се создадат услови за фер и демократски избори. Во овој момент...

Демонстрантите тргнаа кон ПС – Беко, каде се приведените од синоќешните протести

Граѓанските активисти на денешниот протест потсетија на прекумерна уптреба на сила од страна на полицијата, при што беа повредени новинари и фоторепортери, а беа приведени и 13 активисти на кои, според нив, не им се знае судбината. Демонстрантите од Собранието тргнаа кон полициската станица Беко, каде што се наоѓаат приведените од синоќешните протести. Благојче Ѓорѓиев, лице со телесен хендикеп, од својата инвалидска...

ОБСЕ: Истрагите на СЈО и судските процеси мора да продолжат

Претседателот соопшти дека неговите намери се да придонесе за решавање на тековната криза, но, сепак, граѓаните имаат право да видат дека политичка и правна одговорност е понесена, вели шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Македонија, Нина Суомалаинен, по повод одлуките на претседателот Ѓорге Иванов да помилува 56 лица за кои се водат кривични постапки. Според Суомалаинен, на судството и на...

Граѓаните се собираат на протест за оставка на Иванов, Собранието под силно обезбедување

Голем број луѓе се собираат пред Собранието на Република Македонија, каде што ќе се одржи протестот на граѓанските организации кои бараат оставка од претседателот Ѓорге Иванов, итно свикување на Собранието и одложување на изборите. Забележливо е големо присуство на полицијата, која со огради ги чува народната канцеларија на претседателот и Министерството за правда. Пред Собранието има силен полициски кордон и хермелини,...

ЗНМ: Спасовски да ги идентификува и да ги казни полицајците што тепаа новинари

Здружението на новинари на Македонија остро го осудува полициското насилство против новинар и тројца фоторепортери на вчерашниот протест пред народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов во Скопје. „Нападот врз новинарот Горан Наумовски од порталот „Плусинфо“ и врз четворица фоторепортери, Огнен Теофиловски од „Вест“, Наке Батев од „Вечер“, Борче Поповски од „Слободен печат“ и Томе Георгиев од „Фокус“, е напад врз сите...

Заев и Поповска: Без фер и демократски избори, нема излез од политичката криза

Зоран Заев и Лилјана Поповска, лидери на СДСМ и на ДОМ, денеска ја потпишаа платформата за демократска Македонија. Заев рече дека борејќи се за регуларни, фер и демократски избори, испраќаат заедничка порака дека ова е првиот чекор кон нормализација на државата. „Начелата како враќање на правдата, правната држава, професионализација на полицијата, департизација и деполитизација на институциите, вредностите од аспект на...

Спасовски: Секој има право на протест, но без насилство

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска на прес-конференција апелираше протестите да бидат мирни и ненасилни. Спасовски рече дека секој има право на протест, но како што доликува во демократскиот свет, да нема насилство врз полицијата и уништување на приватен имот. Спасовски замоли граѓаните на полицијата да гледаат како партнер и на некој кој е тука да ги штити. Тој...

Неколку лица приведени по протестите во центарот на градот

Неколку лица се приведени во полициската акција вечерва, при растерувањето на демонстрантите кои го демолираа објектот на народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов. Според неофицијални информации, има и неколку повредени, а во центарот на градот забележани се и возила на брза помош. Моментално состојбата е мирна, а демонстрантите немаат пристап до објектите на народната канцеларија, Министерството за правда и до штабот...

Повици за протести на социјалните мрежи

Повици за собири и за протести се шират по социјалните мрежи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да ги аболира сите политичари за кои се води предистражна, истражна постапка или, пак, има донесено правосилна пресуда. Досега има идеи да се запалат свеќи пред Народната канцеларија на Иванов, која се наоѓа во центарот на Скопје, на улица Димитрије Чуповски, да се...

Тројца полицајци повредени во судирот со мигрантите

Тројца припадници на полицијата се повредени во судирот што попладнево се случи на македонско-грчката граница, меѓу припадниците на МВР и група мигранти кои насилно се обиделе да ја преминат границата, потврдија за „Мета“ од МВР. Полицајците биле итно префрлени во медицинскиот центар во Гевгелија. Претходно, полицијата фрли солзавец за да ја расчисти групата бегалци што протестираа на оградата кај Идомени. Грчките медиуми јавуваат дека дел...

Недоследно е по 2016 година ДУИ да зборува за волјата на граѓаните

Не може волјата на гласачите еднаш да се толкува на еден начин, а другпат на друг. Токму така се однесува ДУИ кон волјата на гласачите од 2006 година досега,...