fbpx

Демонстрантите спречени да се приближат до Владата кај Камениот мост

-

По половина час поддршка за Специјалното јавно обвинителство, стотиците граѓани тргнаа накај Собранието. Но, демонстрантите не можат да стигнат дотаму, бидејќи приодот е блокиран со голем полициски кордон. Тоа предизвика огромна нервоза и негодување кај луѓето што протестираат.

Оттаму, демонстрантите се упатија кон Владата преку Камениот мост, но пред новиот објект на Македонски народен театар се спречени од кордон полиција.

Граѓаните на протестот, организиран од невладините граѓански здруженија, извикуваа пароли „Нема правда нема мир“, „Оставка, оставка“.

Тие велат дека ќе протестираат сè додека претседателот на државата, Ѓорге Иванов, не ја промени одлуката за помилување на политичарите против кои се водат предистражни или истражни постапки.

Од друга страна, пак, граѓаните организирани од граѓанското здружение ГДОМ, со зурли и со тапани пристигнуваат на Јужен булевар, од каде ќе се упатат кон седиштето на СДСМ. Овие граѓани протестираат против аболицијата на Зоран Заев и на Зоран Верушевски.

Ним им се придружуваат луѓе кои со автобуси од внатрешноста на Македонија пристигнуваат на улицата Јордан Мијалков.

Засега не е забележливо поголемо присуство на полиција на овој протест.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...