fbpx

Молотови коктели, камења, солзавец: Инциденти на протестот во Атина

-

Протестот во Атина ескалира со насилни инциденти и со судири меѓу полицијата и демонстрантите на неколку точки низ центарот на градот. Групи маскирани демонстранти почнаа да фрлаат камења и молотови коктели кон припадниците на специјалните полициски сили, чие присуство е огромно на денешниот масовен протест против законот за намалување на пензиите и на здравствените бенефиции.

Судирите ескалираа на централниот плоштад Синтагма пред малку, кога се отвори насилна размена на молотови коктели, камења и солзавец меѓу полицијата и демонстрантите. Маскираните демонстранти фрлаат молотови коктели и кршат делови од столбовите и од скалите на плоштадот, додека полицијата одговара со шок-бомби и со солзавец во обид да ја разбие толпата.

Воздухот е задушлив од молотовите коктели, запалените канти за отпадоци и од солзавецот. Инцидентите продолжуваат како што се движат демонстрантите по улицата Панепистимиу кон главната зграда на универзитетот во Атина. Не е исклучено судирите да продолжат во бунтовното маало Ексархија.

Припадниците на полицијата проценуваат дека на денешниот масовен протест има повеќе од 50.000 штрајкувачи. Атина е исполнета со река од луѓе од сите сектори, приватните и државните, млади и стари, студенти и адвокати кои бараат јасно државата да откаже послушност на европските кредитори и да го повлече законот кој предвидува драстично намалување на пензиите, како и да се откажат од реформите за поголемо оданочување и за намалување на здравствените бенефиции.

Ова е прв толку масовен протест по првите години од кризата кога граѓаните речиси секојдневно масовно и гневно излегуваа на штрајкови против владата. Протестите се случуваат точно една година по доаѓањето на власт на СИРИЗА, левичарската сила на која се гледаше како на единствениот спасител на грчкиот народ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...